• A-
  • A
  • A+
среда, 21 февруари 2018, 

Борци на „Исламска држава“ се судриле со сириски бунтовници во Идлиб

Борци на „Исламска држава“ се судриле со сириски бунтовници во Идлиб

Бејрут, 9 февруари 2018 (МИА) – Борци на „Исламска држава“ се преместиле во северозападната сириска провинција Идлиб, каде се судириле со бунтовници, соопшти Сирискиот центар за набљудување на човековите права.

Според невладината мониторинг организација со седиште во Велика Британија, сириската Влада им дозволила на џихадистите да ја напуштат територијата под опсада, каде се граничат провинциите Алепо, Идлиб и Хама, и да отидат во јужен Идлиб.

Либанското движење Хезболах, кое е клучен поддржувач на властите во Дамаск, соопшти дека сириската армија и нејзините сојузници ја победиле „Исламска држава“ во енклавата, но не и дека на џихадистите им била дадена можност да се повлечат. јт/20:29

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.