• A-
  • A
  • A+
вторник, 20 февруари 2018, 

Макрон ја сели новинарската соба од Елисејската палата

Макрон ја сели новинарската соба од Елисејската палата

Париз, 14 февруари 2018 (МИА) - Кабинетот на францускиот претседател Емануел Макрон планира да ја затвори новинарската просторија во Елисејската палата, во рамките на неговите настојувања да го држи под контрола имиџот во јавноста. 

Советниците на францускиот претседател соопштија дека новинарите ќе бидат преместени на нова локација надвор од претседателската палата, со што ќе имаат помалку увид во активностите на Макрон.  

Портпаролот на француската влада рече дека причината за преместувањето на новинарите е од оперативна природа, а не обид да им се намали увидот во активностите на претседателот. 

Неименуван советник на Емануел Макрон вели дека преместувањето на новинарската соба е крај на „привилегијата“ за новинарите, кои имаа простор за работа во Елисејската палата повеќе од 40 години. ир/зш/18:13

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ