• A-
  • A
  • A+
вторник, 20 февруари 2018, 

Талибанците тврдат дека сакаат да ја завршат војната преку дијалог

Талибанците тврдат дека сакаат да ја завршат војната преку дијалог

Кабул, 14 февруари 2018 (МИА) - Талибанците соопштија денеска дека сакаат да ја завршат војната во Авганистан со дијалог, но предупредија дека нивната желба за мир не значи дека се исцрпени туку дека нивната оружена кампања ќе биде одржива без оглед на тоа колку е силен американскиот противник.

Агресивната американска стратегија во Авганистан со силни напади од октомври лани ги протера талибанците од неколку регионални упоришта и од два покраински главни града. Но, милитантите контроплираат големи делови од државата и на агресивната американска атратегија одговорија со два напада во Кабул во изминатите недели во кои загинаа најмалку 150 луѓе.

Нападите ја поттикнаа и американската и авганистанската влада да настојуваат да покренат преговори да се прекине војната што трае веќе 17 години.

– Би сакале да го решиме авганистанското прашање преку мирољубив дијалог, нагласуваат талибанците.

Во изјавата талибанците не го споменуваат нападот од 27 јануари врз хотел во Кабул ниту бомбашкиот напад една недела подоцна во кој беа убиени повеќе од 100 луѓе. За двата напада презедоа одговорност.

Талибанците нагласуваат дека САД мора да ја „прекинат окупацијата и да прифатат право талибанците да формираат влада во согласност со уверувањат на народот“. зш/18:01

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ