• A-
  • A
  • A+
четврток, 22 февруари 2018, 

Аргентина нуди 4,9 милиони долари за информација за исчезнатата подморница

Аргентина нуди 4,9 милиони долари за информација за исчезнатата подморница

Буено Аирес, 14 февруари 2018 (МИА) – Аргентинските власти објавија награда од 4,9 милиони долари за информација што ќе помогне за пронаоѓање на подморницата АРА Сан Хуан која исчезна на 15 ноември минатата година откако со 44 членови екипаж го напушти градот Ушуаја на југ во Аргентина.

Соопштението за наградата е објавено денеска на сајтот на Министерството за одбрана.

Наградата ќе му припадне на лице кое ќе достави информација и добри податоци што ќе овозможат пронаоѓање на точната локација на подморницата. Аргентинската морнарица прекина на 30 ноември спасувачка акција, но потрагата за подморницата продолжува. зш/18:07

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ