• A-
  • A
  • A+
вторник, 20 февруари 2018, 

Работна посета на Димитров на Бугарија

Работна посета на Димитров на Бугарија

Скопје, 14 февруари 2018 (МИА) - Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Димитров, денеска во Софија, во рамките на работната посета на Република Бугарија, оствари средби со бугарскиот претседател Румен Рaдев, со претседателот на Владата, Бојко Борисов и со министерката за надворешни работи, Екатерина Захариева, соопшти МНР.

Министрите за надворешни работи на двете земји, Димитров и Захариева, во присуство на премиерот Борисов, ги разменија ратификациските документи на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка и го потпишаа Протоколот за нивната размена, со што Договорот стапи во сила.

Димитров борисов

 

Притоа, министрите и премиерот ја подвлекоа важноста на Договорот, како поттик за натамошно зацврстување на односите и соработката меѓу двете држави, но и добар пример за унапредување на добрососедските односи меѓу државите во регионот.

Во фокусот на билатералните разговори беа ставени прашањата од заеднички интерес за двете држави, во насока на унапредување на севкупната соработка по влегување во сила на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка, со акцент на економијата, енергетиката и инфраструктурата.

Захариева

На сите средби беше констатирано дека Република Македонија и Република Бугарија ги споделуваат заедничките европски вредности, идерали и принципи. Исто така, беше изразена подготвеност за конкретна поддршка на евро-атланските процеси кои ќе овозможат реализација на долгорочните стратешки приоритети на Република Македонија. сст/дма/19:46

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ