• A-
  • A
  • A+
четврток, 22 февруари 2018, 

Најмалку една жртва во напад во средно училиште на Флорида

Најмалку една жртва во напад во средно училиште на Флорида

Мајами, 14 февруари 2018 (МИА) – Најмалку едно лице загина денеска и повеќе од 20 се ранети во напад во средно училиште во градот Паркленд на Флорида.

Полицијата соопшти дека го уапсила осомничениот за нападот.

Училиштето е блокирано, и според американски медиуми можно е бројот на жртви да биде многу поголем.

На инсерти од американски телевизии се гледа како стотина ученици панично бегаат додека полицијата трага по напаѓачот. Градот Паркленд е на околу 70 км северно од Мајами. зш/22:30

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ