• A-
  • A
  • A+
понеделник, 19 февруари 2018, 

Конференција за дигитален маркетинг AllWeb

Конференција за дигитален маркетинг AllWeb

Скопје, 17 ноември 2017 (МИА) - Резултати од истражување за вкупниот пазарен потенцијал во Македонија и анализа за интернет продажба на производи за широка потрошувачка ќе бидат презентирани на Конференција за дигитален маркетинг AllWeb, што ќе се одржи денеска во Скопје.

Истражувањето е спроведено за потребите на конференцијата од страна на Инсајдер ИД, агенција за истражување на пазарот. Резултатите ќе одговорат на прашањата: колку од корисниците на Интернет во Македонија купуваат онлајн; на која старосна група и припаѓаат купувачите; во која насока ќе се развива онлајн пазарот во иднина итн.

На конференцијата ќе се дебатира за тоа дали македонските компании се подготвени да го следат трендот во светски рамки каде големите ланци на супермаркети им овозможуваат на потрошувачите намирниците за дома да ги купат онлајн.

- Промените во навиките кај македонските потрошувачи за пазарење на Интернет ќе ги условат компаниите од секторот на стоки за широка потрошувачка и супермаркетите да отвораат интернет продавници. Македонскиот интернет пазар сè уште е мал, но со сигурност во следните 5 години ќе има значајно финансиско и количинско зголемување, со што интернет продажбата ќе биде незаменлив дистрибутивен канал, вели Сергеј Зафироски, директор на Инсајдер ИД, агенција за истражување на пазарот.

Програмата на конференцијата е поделена во три целини, во рамки на кои ќе се зборува за е-трговија (omnychannel, payment processors, analytics), перформанс маркетинг (PPC, conversions, optimization) и содржина (social media, influencer marketing, monetization).лв/хс/07:24

###




Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ