• A-
  • A
  • A+
среда, 13 декември 2017, 

Центарот на Скопје без парно

Центарот на Скопје без парно

Скопје, 17 ноември 2017 (МИА) - Строгиот центар на Скопје утрово е без парно греење поради дефект на магистралниот вод од дистрибутивната топлинска мрежа од топлана Исток.

Од компанијата „БЕГ“ која е задолжена за дистрибуција и снабдување со топлинска енергија информираат дека екипи работат на санација на дефектот и оти се очекува околу пладне корисниците од овој дел на градот да добијат парно. 

- Според проценката се очекува во најбрз рок, за два часа дефектот да биде саниран, по што ќе следи полнење на водот и нормализирање на испораката на топлинска енергија. Греењето се очекува да се стабилизира околу пладне, велат од „БЕГ“.

За дополнителни информации граѓаните можат да се јават во Центарот за грижа на потрошувачи на тел: (02) 3076 200. бак/са/08:22

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Косовско село украсено како од бајките

Косовското село Петершан, кое се наоѓа на неколку ...

„Хафингтон пост“ објави листа на 18 најдобри филмови во 2017 година

Американскиот весник „Хафингтон пост“ објави листа...

Затвореник им се предаде на властите по 20 години минати во бегство

Затвореникот Гасан Салех (66), кој пред 20 години ...

Писториус повреден во затворска тепачка

Некогашниот параолимпиец Оскар Писториус е повреде...

Почина американски војник кој пијан дезертираше во Северна Кореја

Американски војник, кој пред повеќе од половина ве...