• A-
  • A
  • A+
среда, 13 декември 2017, 

Технолошки паркови за поддршка на иновативните компании

Технолошки паркови за поддршка на иновативните компании

Скопје, 17 ноември 2017 (МИА) - Фондот за иновации и технолошки развој го проширува фокусот на своето делување и ќе финасира и мали и средни претпријатија кои остваруваат годишен приход поголем од еден милион евра, најави директорот на Фондот Јован Деспотовски на работната сесија „Локалната самоуправа како предуслов за развој на МСП“ на одбележувањето на 12-от „Европски ден на претприемачот и Европската недела на МСП“.

Досега, додаде, Фондот за иновации и технолошки развој финасираше само стартап и микро компании и компании што имаат помал приход од еден милион евра годишно поради што, како што рече, искористеноста на средствата е само девет проценти.

- Нашата цел е фокусот во наедните година до две  да го прошириме и продлабочиме со тоа што ќе им понудиме на малите и средните компании кои досега не биле толку многу таргетирани со активностите на Фондот да ја подигнеме нивната свест за финасиските  можности кои ги нудиме за развивање и да го  зголемиеме нивниот капацитет за успешно да аплицираат и да добијат  средства за воведување нов продукт, услуга или работен процес, рече Деспотовски.

Посочи дека очекува наскоро значително да се зголеми финансискиот потенцијал со кој располага Фондот и додаде дека за 2018 година се планира да изнесува од 15 до 20 милиони евра.

- Се работи на презентирање на можностите пред малите и средните претпријатија и на развивање на два нови инструмента. Првиот е за примена на иновациите во јавниот сектор со кој на нашите корисници што ќе развијат нови производи и услуги ќе им понудиме нов пазар - јавниот сектор. Вториот е за техничка поддршка со кој ќе им се понуди експертиза на товар на Фондот во фазата на разработување на идејата и бизнис планот за да можат компаниите успешно да аплицираат за средства за развивање на својот бизнис, појасни Деспотовски.

Ѓорѓи Рафајловски од Технолошкиот парк на Универзитетот на ЈИЕ посочи дека поддршката  за иновативните компании кои сакаат да работат е неминовна и тоа не само за услугите и производите, туку и за намалување на трошоците или зголемување на додадената вредност.

- Нашите млади имаат што да му покажат на светот, односно имаат знаење, искуство  и вештини со кои можат да се натпреваруваат на пазарите во светски рамки. Наша должност и обрска е да им помогнеме тоа да го направат полесно и побрзо, рече Рафајловски. 

Извршниот директор на Европската бизнис асоцијација Димитар Ристовски посочи дека денешниот настан е дел од Европската недела на мали и средни претпријатија што традиционално веќе 12 години се одбележува во Македонија со акцент на претприемништвото и развојот на малите и средните претпријатија.

- Годинава одбележувањето е посветено на начинот на кој локалната самоуправа може директно да влијае на развојот на малите и средните претпријатија и генерално на претприемништвото. Локалната самоуправа тоа може да го направи преку создавање на технолошки паркови, а исксутва може да ги користи од технолошкиот парк во Белград, рече Ристовски.

Генералниот менаџер на „Технолошкиот парк Белград“ Гордана Даниловиќ Грковиќ посочи дека технолошките паркови се еден од инструментите за поддршка и нагласи дека е битно да се разбере дека малите стартап претпријатија кои се иновативни, високотехнолошки и ризични се особено важни за развој на секоја економија и за нејзината конкурентност.

- Сите развиени земји околу нас се обидуваат да ни ги привлечат тие мали тимови и им нудат инвестиции, но сакаат да инвестираат во  нивниот развој во земјата од која доаѓаат. Затоа е битно ние самите навреме да им понудиме поддршка на ваквите компании, рече Даниловиќ Грковиќ. вј/са/13:11

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Косовско село украсено како од бајките

Косовското село Петершан, кое се наоѓа на неколку ...

„Хафингтон пост“ објави листа на 18 најдобри филмови во 2017 година

Американскиот весник „Хафингтон пост“ објави листа...

Затвореник им се предаде на властите по 20 години минати во бегство

Затвореникот Гасан Салех (66), кој пред 20 години ...

Писториус повреден во затворска тепачка

Некогашниот параолимпиец Оскар Писториус е повреде...

Почина американски војник кој пијан дезертираше во Северна Кореја

Американски војник, кој пред повеќе од половина ве...