• A-
  • A
  • A+
среда, 13 декември 2017, 

Намален бројот на превезени патници во патниот превоз

Намален бројот на превезени патници во патниот превоз

Скопје, 17 ноември 2017 (МИА)  - Вкупниот број на превезени патници во патниот патнички превоз во третото тримесечје од 2017 година е намален за 3,7 отсто во споредба со истиот период лани, додека вкупниот број на патничките километри е зголемен за 1,6 отсто.

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на превезени патници во градскиот превоз е намален за 6,8 отсто, во приградскиот за 3,5 отсто,  додека во меѓуградскиот е зголемен за 11,7 проценти, а во меѓународниот зголемувањето изнесува 12,6 проценти. При тоа бројот на патничките километри во градскиот превоз е зголемен за 1,7 отсто, во приградскиот е намален за 7,6, во меѓуградскиот е зголемен за 5,2, а во меѓународниот превоз зголемувањето изнесува 4,6 отсто.

Во однос, пак, на второто тримесечје од 2017 година, вкупниот број на превезени патници е намален за 19,1 отсто и тоа во градскиот превоз е намален за 15,6 отсто, во приградскиот за 28,7, во меѓуградскиот намалувањето е за 4,4 отсто, додека во меѓународниот превоз е зголемен за 33,2 проценти. Вкупниот број на патничките километри е намален за 17,3 отсто при што намалувањето  во градскиот превоз е за 44,4 отсто, во приградскиот за 40, во меѓуградскиот за 2,5, а во меѓународниот превоз има зголемување од 19,8 отсто. вј/са/13:46

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Косовско село украсено како од бајките

Косовското село Петершан, кое се наоѓа на неколку ...

„Хафингтон пост“ објави листа на 18 најдобри филмови во 2017 година

Американскиот весник „Хафингтон пост“ објави листа...

Затвореник им се предаде на властите по 20 години минати во бегство

Затвореникот Гасан Салех (66), кој пред 20 години ...

Писториус повреден во затворска тепачка

Некогашниот параолимпиец Оскар Писториус е повреде...

Почина американски војник кој пијан дезертираше во Северна Кореја

Американски војник, кој пред повеќе од половина ве...