• A-
  • A
  • A+
понеделник, 11 декември 2017, 

МЕПСО го подобри снабдувањето со струја во југозападниот регион

МЕПСО го подобри снабдувањето со струја во југозападниот регион

Скопје, 17 ноември 2017 (МИА) - МЕПСО пред почетокот на грејната сезона изврши модернизација во две трансформаторските станици во пелагонискиот регион. Со тоа, велат од компанијата, значајно се зголеми сигурноста во снабдувањето со електрична енергија за претстојната грејна сезона во југозападниот регион на земјава.

Во целост, потенцираат, е модернизирана трансформаторската станица „Сопотница“ во близина на Демир Хисар, а извршена е модернизација и во трансформаторската станица „Битола 1“ во делот на поврзувањето со „Сопотница“. Со тоа е подобрено снабдувањето со струја во  реоните на Битола, Демир Хисар и Кичево.

- Во „Сопотница“ извршена е промена на високонапонска опрема што беше во функција триесет години. Таму е извршена замена на: прекинувачи, мерни трансфоматори и одводници на пренапон. Во модернизација на опрема на 110 киловолтно напонско ниво во двете трансформаторски станици МЕПСО вложи 220.000 евра, посочуваат од компанијата.

Во рамки на активностите за подобрување на снабдувањето со електрична енергија на југозападниот регион, потсетуваат,  МЕПСО во октомври ја мореднизираше високонапонската опрема во трансформаторската станица „Струга“. При тоа беа заменети прекинувачи и мерни трансформатори.

Од МЕПСО најавуваат дека ќе ги продолжат активностите за модернизација на трафостаниците од преносната мрежа и во 2018 година. вј/са/14:18

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Суданки казнети со 40 камшици оти носеле панталони

Дваесет и четири Суданки се соочуваат со казна од ...

Уругвај: Скара за во „Гинис“

Уругвај го собори Гинисовиот рекорд во печење скар...

Севернокорејскиот лидер го контролира и времето

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун се искачи на н...

Италијанец го премина Тибар одејќи по јаже

Италијанскиот еквилибрист Андреа Лорени, одејќи по...