• A-
  • A
  • A+
понеделник, 11 декември 2017, 

Владата склучила или е пред склучување договори со 19 странски инвеститори

Владата склучила или е пред склучување договори со 19 странски инвеститори

Скопје, 20 ноември 2017 (МИА) - Деветнаесет странски инвеститори веќе имаат склучено договор со Владата или се пред склучување договор за влез во Република Македонија.

Ова го најави премиерот Зоран Заев, одговорајќи на новинарско прашање на заедничката прес-конференција со еврокомесарот Јоханес Хан. Најголем дел, како што посочи, се компании од ЕУ.

- Македонија е со понизок стандард на живот и тоа треба да го искористиме за привлекување странски инвестиции. Во вакви околности може да направат продукт или да произведуваат по многу поконкурентна цена. Тоа не става во предност да привлекуваме колку што може повеќе инвеститори. Откако заврши политичката криза во Македонија условите се многу подобрени. Имаме веќе одлична најава на странски ивеститори, со 19 веќе склучуваме договори или сме пред склучување договори. Тоа се огромни компании,  најголем дел од нив од ЕУ. Имаме зголемена инвестициска активност од домашните компании што навистина е една среќна околност кај нас, изјави премиерот.

Тој додаде дека таквиот тренд ќе продолжи во зависност од создавањето севкупни услови за да се продолжи со инвестирање во Македонија, а за нас , рече, тоа значи зголемување на БДП и нови работни места. 

- Јас успехот на мојата Влада го гледам парлалено покрај нашите стратешки цели членство во ЕУ и НАТО и во успехот на економски план  на Владата, рече Заев и додаде дека зајакнувањето на стандардот на економскиот живот на граѓаните меѓу другото ќе значи многу брзо приближување на Македонија кон ЕУ.ац/скс/15:50

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Суданки казнети со 40 камшици оти носеле панталони

Дваесет и четири Суданки се соочуваат со казна од ...

Уругвај: Скара за во „Гинис“

Уругвај го собори Гинисовиот рекорд во печење скар...

Севернокорејскиот лидер го контролира и времето

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун се искачи на н...

Италијанец го премина Тибар одејќи по јаже

Италијанскиот еквилибрист Андреа Лорени, одејќи по...