• A-
  • A
  • A+
среда, 13 декември 2017, 

Бејли посочи дека ДИК си поделиле бонуси за изборите, оттаму најавија реакција

Бејли посочи дека ДИК си поделиле бонуси за изборите, оттаму најавија реакција

Скопје, 4 декември 2017 (МИА) - Амбасадорот на САД Џес Бејли, денеска на предавање на Факултетот за безбедност-Скопје посветено на борбата против корупцијата посочи пример со кој ги доведува во прашање посветеноста на лидерите, институциите, но и на медиумите да разобличуваат коруптивни дејства.

- Слушнав дека членови на ДИК си изгласале дополнителна плата за четири дополнителни месеци за нивната работа на октомвриските избори кои штотуку завршија. Тие претходно дополнителено добиле плата и за пет месеци по изборите од 2016 година. Гласањето во Комисијата било едногласно, сите партии, сите етникуми, а персоналот во Комисијата добил помали бонуси. Јас сум јавен службеник, поддржувам наградување на јавни службеници кои работат повеќе од предвиденото, но имам прашање во врска со ова. ДИК е независно тело. Можеби овој потег бил дури и легален, но гласањето се случило зад затворени врати, рече Бејли.

Тој праша што кажува тоа за лидерските приоритети.

- Уште поважно, зошто јас го истакнувам ова, што кажува ова за вредностите на самата организација. Каде беа свиркачите, истражувачките новинари или парламентарните тела за надзор, што би сториле сите вие во оваа ситуација, рече амбасадорот Бејли. 

Бејли одржа предавање од областа на борбата против корупцијата, а потоа одговараше на прашања од студентите во рамки на Дипломатскиот форум на Факултетот за безбедност-Скопје.

Официјалниот став на ДИК за оваа информација, на прашање на МИА, најавија дека ќе го изнесат денеска преку соопштение.  вг/са/15:02

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Косовско село украсено како од бајките

Косовското село Петершан, кое се наоѓа на неколку ...

„Хафингтон пост“ објави листа на 18 најдобри филмови во 2017 година

Американскиот весник „Хафингтон пост“ објави листа...

Затвореник им се предаде на властите по 20 години минати во бегство

Затвореникот Гасан Салех (66), кој пред 20 години ...

Писториус повреден во затворска тепачка

Некогашниот параолимпиец Оскар Писториус е повреде...

Почина американски војник кој пијан дезертираше во Северна Кореја

Американски војник, кој пред повеќе од половина ве...