• A-
  • A
  • A+
сабота, 25 ноември 2017, 

Претприемничко учење за млади за намалување на невработеноста

Претприемничко учење за млади за намалување на невработеноста

Скопје, 28 март 2017 (МИА) -  „Претприемачко учење за млади“  е насловен проектот што ќе биде промовиран денеска во ЕУ инфо центарот.

Со финансии од Европската Унија преку Еразмус + програмата, проектот ќе го спроведат Здружението на граѓани ЦЕФЕ Македонија во партнерство со CRYSTALCLEARSOFT  од Грција и Sprijan si Dezvolatare од Романија.

- Целта е преку едукација и зголемување на претпремничките вештини на младите луѓе, на долг рок да го намали одливот на таленти од земјава, да ја намали невработеноста и да го развива претприемништвото во Македонија, соопштија од Здружението ЦЕФЕ Македонија.

Како што појаснуваат, предвидено е да се формира Академија за претприемништво во која ќе се вклучат 60  млади лица, по 20 од Македонија, Романија и од Грција. Преку Академијата, младите треба да ги развиваат своите претприемнички способности и да се запознаат со професионалци од бизнис-секторот, коишто ќе ги информираат за новостите и ќе им пренесат знаење за организациски менаџмент, логистика, финансиски менаџмент, производство/услуги и менаџмент на човекови ресурси. лв/бак/07:40

###





Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

„Црниот петок“ во САД започна со шега

Таканаречениот „Црн петок“, тренд на претпразнични...

ПИН фестивал на „Таксират“ со повеќе од 30 бесплатни концерти

Фестивалот „Таксират“ за 20-тото издание организир...

Казната на Оскар Писториус зголемена повеќе од двојно

Затворската казна на поранешниот јужниоафрикански ...

Божикно дрво погодено од гром, пристигна во Ватикан

Божикното дрво што пред неколку години во Полска „...

Ума Турман со оригинална „честитка“ до Вајнстин

И актерката Ума Турман се придружи на кампањата „#...