• A-
  • A
  • A+
среда, 13 декември 2017, 

Ѓоко Ѓорѓевски: Се наѕира можно праведно решение за македонското црковно прашање

Ѓоко Ѓорѓевски: Се наѕира можно праведно решение за македонското црковно прашање

Скопје, 20 ноември 2017 (МИА) - Деканот на Православниот богословски факултет „Св.Климент Охридски“ во Скопје, проф. д-р Ѓоко Ѓорѓевски во изјава за МИА оценува дека сега конечно се наѕира можно праведно соломонско решение за македонското црковно прашање.

Во врска со писмото што Светиот синод на Македонската православна црква - Охридска архиепископија го испратил до Бугарската православна црква во кое бара таа да биде нивна црква-мајка ако ја признаат афтокефалноста на МПЦ-ОА, тој посочи дека „на Балканот целото православие е „роднински“ поврзано, а речиси сите современи национални цркви како „мајка“ ја имаат Цариградската патријаршија“.

Тука, посочува, е и скоро осумвековното автокефално постоење на Охридската архиепископија, која низ историјата, исто така, имала свои рожби.

- Но, бидејќи го користиме мајчинството како парадигма за нашите црковни состојби, да се потсетиме дека тоа е исклучително голем дар, но и уште поголема одговорност, потенцира Ѓорѓевски.

Тој нагласи дека „вистинската мајка не се срами од своето чедо, не го обезименува, таа не е себична и се радува подеднакво, колку на денот на раѓањето на сопствената ќерка, толку и на денот кога таа ќе биде подготвена да си замине и да создаде сопствен дом“.

- Сега, пак, конечно се наѕира можно праведно соломонско решение за македонското црковно прашање. Во буквална смисла на зборот. Често употребуваната синтагма своето потекло го води од една библиска сторија, кога пред мудриот цар Соломон две жени ќе спорат која од нив е вистинската мајка на едно дете. Соломон ќе заповеда тоа со меч да се преполови и на жените подеднакво да им се подели. Едната веднаш се согласила и рекла: „нека не биде ни мое, ни твое: пресечете го!“, додека другата извикала: „дајте ѝ го на другата, само не убивајте го!“ И тогаш, и сега, која се покажува како вистинска мајка?, вели Ѓорѓевски.

Синодот на МПЦ-ОА на 9 овој месец испрати писмо до БПЦ во кое се бара да ја признае нејзината афтокефалност, а за возврат МПЦ би ја прифатила БПЦ како своја Мајка-црква.

За писмото и барањата на македонските владици засега нема официјален став ниту од МПЦ-ОА ниту од БПЦ.рп/са/09:34

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Косовско село украсено како од бајките

Косовското село Петершан, кое се наоѓа на неколку ...

„Хафингтон пост“ објави листа на 18 најдобри филмови во 2017 година

Американскиот весник „Хафингтон пост“ објави листа...

Затвореник им се предаде на властите по 20 години минати во бегство

Затвореникот Гасан Салех (66), кој пред 20 години ...

Писториус повреден во затворска тепачка

Некогашниот параолимпиец Оскар Писториус е повреде...

Почина американски војник кој пијан дезертираше во Северна Кореја

Американски војник, кој пред повеќе од половина ве...