• A-
  • A
  • A+

сабота, 23 септември 2017, 

ФБИ и НСА: Нема потврда за тврдењето на Трамп за прислушување

ФБИ и НСА: Нема потврда за тврдењето на Трамп за прислушување

Вашингтон, 20 март 2017 (МИА) - Директорите на американските водечки безбедносни и разузнавачки агенции денеска изјавија  дека немаат информации кои би ги докажале тврдењата на американскиот претседател Доналд Трамп дека за време на предизборната кампања за претседателските избори во САД тој бил прислушуван по наредба на неговиот претходник Барак Обама. 

- Со сета почит кон претседателските твитови за тоа дека претходната американска администрација наводно го прислушувала, јас немам инфромации што би ги подрржале тие твитови, нагласи директорот на ФБИ Џејмс Коми за време на сослушувањето во Конгресот на САД. 

Истиот став, според неговото тврдење, го има и американското Министерство за правда што ги надгледува ФБИ и другите агенции. 

Коми додаде дека ниту еден поединец не може да наложи прислушување на некој граѓанин од Америка, туку дека таква дозвола даваат судовите по ригорозен процес на одлучување. 

Пред комитетот на Конгресот за разузнавачки работи сведочеше и директорот на НСА Мајк Роџерс, кој ја отфрли сугестијата на администрацијата на Трамп дека Националната безбедносна агенција (НСА) побарала од британските разузнавачки агенции да го шпионираат претседателот на САД. 

Тој додаде дека целосно стои позади извештајот на разузнавачките служби кога станува збор за мешањето на Русија во предизборната кампања минатата година. 

Претходно, Коми потврди дека ФБИ ги истражува можните напори што ги преземала руската Влада со цел да се вмеша во претседателските избори во САД во 2016 година, вклучувајќи какви било  врски со кампањата на претседателот Доналд Трамп со Москва. см/ссм/18:43

###

 

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Пат околу светот со велосипед за 78 дена

Шкотскиот велосипедист Марк Бомонт го собори досег...

Хрват заштити збор и сега си ги бара сопственичките права

Музичарот Хрвоје Турчин од Загреб, во јавноста поз...

Ураганот Харви зад себе остави гробишта на автомобили

Три седмици откако ураганот Харви го погоди Тексас...

Швајцарците продаваат воздух од Алпите

Швајцарски стартап флашираше воздух од Швајцарија,...

Почина Лилијан Бетанкур

Наследничката на француската козметичка групација ...