• A-
  • A
  • A+
четврток, 19 октомври 2017, 

Трамп ќе укинува еколошки норми од времето на Обама

Трамп ќе укинува еколошки норми од времето на Обама

Вашингтон, 7 октомври 2017 (МИА) - Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ќе укине дел од еколошките норми, што ги воведе неговиот претходник Барак Обама во рамки на мерките за ограничување на глобалното затоплување, соопштија извори во Вашингтон.    

Први на удар на Белата куќа ќе се најдат мерките за ограничување на емисиите на штетни гасови што ги ослободуваат американските термоцентрали што работат на јаглен.

Според истите извори, во текот на следниве денови американската Агенција за заштита на животната средина ќе објави укинување на овие мерки, со образложение дека тие се во спротивност со федералното закнодавство на САД и дека „нема разумни прични за да се смета дека овие ограничувања можат да бидат исполнети“.

Ова практично ќе биде прва мерка на американската Администрација за укинување на еколошките норми од времето на Обама насловени „План за чиста енергија“, по одлуката на Трамп за повлекување на САД од Парискиот договор за климата. сп/08:58

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Турската полиција ослободи 7.500 жаби одземени од ловокрадци

Турската полиција пушти на слобода околу 7.500 жаб...

Седум соништа кои претскажуваат свадба

На сите ни се случило да сонуваме нешто за коешто ...

Како државите ги добиле своите називи

Едно неодамнешно истражување спроведено во Оксфорд...

Алкотраз - ноќен клуб во кој е дозволено да „прошверцувате“ пијалак

Првиот лондонски коктел бар Алкотраз, кој е инспир...

Објавени најстрашните локации во Англија во пресрет на Ноќта на вештерките

Здружението Инглиш херитејџ објави список на некол...