• A-
  • A
  • A+
вторник, 12 декември 2017, 

Најавено ново сослушување на „Касперски“ во Конгресот на САД

Најавено ново сослушување на „Касперски“ во Конгресот на САД

Вашингтон, 7 окотмври 2017 (МИА) - Комисијата за наука, Вселена и технологија на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес соопшти дека закажала ново сослушување во врска со можните злоупотреби на софтверот на комапнијата за интерент заштита „Касперски“.

Претставници на оваа руска компанија еднаш веќе беа сослушувани во Конгресот на САД во врска со обвинувањата дека нејзиниот софтвер би можел да биде користен од хакери за упади во компјутерските системи во полза на Русија.   

„Касперски“ категорично ги отфрла ваквите обвинувања и на претходното сослушување лично се појави и извршниот директор на компанијата Евгениј Касперски, кој одговараше на прашањата на конгресмените.

Најавата за ново солсушување доаѓа само еден ден откако весниците „Волстрит Џурнал“ и „Вашингтон Пост“ објавија дека хакери спонзорирани од Москва, украле строго доверливи податоци за кибер безбедноста на САД од лаптоп на американската Агенција за национална безбедност, кој користел антивирус софтвер на „Касперски“. сп/10:14

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Затвореник им се предаде на властите по 20 години минати во бегство

Затвореникот Гасан Салех (66), кој пред 20 години ...

Писториус повреден во затворска тепачка

Некогашниот параолимпиец Оскар Писториус е повреде...

Почина американски војник кој пијан дезертираше во Северна Кореја

Американски војник, кој пред повеќе од половина ве...

Егзибиционист од Кина ја сними својата смрт

Кинезот Ву Јонгнинг (26), кој важеше за Јутуб ѕвез...

Објавени номинациите за Златен глобус

Во Лос Анџелес синоќа беа објавени номинациите за ...