• A-
  • A
  • A+
недела, 21 јануари 2018, 

Израел нападна две позиции на Хамас како одговор на палестинските проектили од Појасот Газа

Израел нападна две позиции на Хамас како одговор на палестинските проектили од Појасот Газа

Тел Авив, 7 декември 2017 (МИА) - Израел нападна две позиции на движењето Хамас, откако од Појасот Газа беше истрелана ракета во јужен Израел, соопшти израелската армија.

-Го сметаме Хамас за одговорен за непријателската активност извршена против Израел од Појасот Газа, напиша израелската армија на Твитер.

Претходно, израелска телефонска апликација која предупреди за ракетни напади објави дека неколку проектили од Појасот Газа биле истрелани врз неколку локации во Израел. 

Сигналите за известување за ракетен оган беа активирани денеска на две места во Израел, соопшти израелската армија.


Ракетниот оган е во контекст на регионалните тензии поради признавањето на Ерусалим за престолнина на Израел од страна на американскиот претседател Доналд Трамп.  ир/21:52

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Фејсбук повикува на борба против лажните вести

Социјалната мрежа Фејсбук ги повика своите корисни...

Во Лондон одложен лет поради пијан пилот

Авион на „Бритиш ервејз“ со два часа задоцнување п...

Том Пети починал од случајно предозирање со аналгетици

Познатиот американски музичар Том Пети починал од ...

Ким Кардашиан ги разбесни фановите со новата фотографија

Најпознатата старлета во светот Ким Кардашиан обја...

И Путин скокаше по крстот

Рускиот претседател Владмир Путин (65) денеска ско...