• A-
  • A
  • A+
вторник, 16 јануари 2018, 

Напади во Дандок во Ирска, се испитува дали е тероризам

Напади во Дандок во Ирска, се испитува дали е тероризам

Даблин, 3 јануари 2018 (МИА) - Во ирскиот град Дандок, јужно од границата со Северна Ирска, денеска на улица од зад грб бил нападнат јапонски државјанин, кој потоа починал на самото место, додека во други делови на градот повредени се најмалку две лица, кои биле нападнати со железна шипка, а полицијата соопшти дека можеби се работи за тероризам.

Полицијата соопшти дека е уапсен еден маж. Таа во моментов бара очевидци и испитува три локации во градот, собирајќи докази. ир/гт/19:35

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ