• A-
  • A
  • A+
недела, 21 јануари 2018, 

Масовни одлагања во британските болници

Масовни одлагања во британските болници

Лондон, 3 јануари 2018 (МИА) – Голем прилив на пациенти преоптовари болници во Велика Британија во претходнио период, поради што многу случаи кои не се означени како итни ќе бидат со недели на чекање, објавија британски медиуми.

Државната здравствена служба побара од болниците да одложат одредени процедури за да ослободат персонал и кревети за итни случаи.

Ограничувањата ќе траат најмалку од крајот на јануари, а се предвидува дека ќе влијаат врз поместување на околу 50.000 операции.

Британскиот министер за здравство Џереми Хант се извини денеска поради проблемите и рече дека моментната ситуација „апсолутно не е тоа што би сакал“. Тој додаде дека бониците се соочени со огромен притисок во овој момент.

Диркеторот на НХСЕ Брус Киог изјави дека притисокот врз болниците можеби ќе биде уште поголем поради „разни знаци“ за ширење грип. зш/19:15

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Фејсбук повикува на борба против лажните вести

Социјалната мрежа Фејсбук ги повика своите корисни...

Во Лондон одложен лет поради пијан пилот

Авион на „Бритиш ервејз“ со два часа задоцнување п...

Том Пети починал од случајно предозирање со аналгетици

Познатиот американски музичар Том Пети починал од ...

Ким Кардашиан ги разбесни фановите со новата фотографија

Најпознатата старлета во светот Ким Кардашиан обја...

И Путин скокаше по крстот

Рускиот претседател Владмир Путин (65) денеска ско...