• A-
  • A
  • A+
понеделник, 20 ноември 2017, 

Стандардизaција за поквалитетни поштенски услуги

Стандардизaција за поквалитетни поштенски услуги

11 октомври 2017

Расфрлани писма пред поштенски сандачиња, задоцнета достава на банкарски и судски известувања, на сметки за вода, струја, телефон,.. што повлекува финансиска штета за граѓаните и за фирмите со исклучување од системите за добивање на услугите, дополнителни камати, доцнење на судски рочишта.

Тоа се дел од последиците од нестандардизираните поштенски сандачиња во Македонија, област која, според регулаторот, Агенцијата за пошта, мора да се уреди според европските стандарди. Со стандардизацијата за која неделава до Министерството за транспорт и врски ќе достават предлог измени на Законот за поштенски сообраќај очекуваат да се зголеми квалитетот на поштенските услуги.

  Стандардизирани сандачиња за дискреција и правна заштита

- Стандардизирањето на поштенските сандачиња  во зависност од видот и пратките кои сакаат да ги добиваат граѓаните, институциите или бизнисот, овозможува целосна дискреција, заштита од оштетување или губење. Дополнително нудат можност по избор и за Radio-frequency identification (RFID)  комуникација базирана на современите начини на комуникација како што се смарт телефони. Ќе бидат известувани преку нивните комуникациски  уреди, што значи дека во моментот кога добиле пратка ќе бидат известени  дека се наоѓа во нивното поштенско сандаче, вели директорот на Агенцијата за пошта, Влатко Атанасовски.

Влатко Атанасовски Се овозможува, дополнува, и правна заштита во однос на трансакциските сметки и финансиските обврски на граѓаните. Им се нуди заштита во комуникацијата на пример со претпријатијата кои нудат јавни услуги, како „Водовод“, ЕВН, мобилни оператори, а и судските покани би ги добивале со известување на своите смартфони.

Искуствата во другите држави покажуваат дека процесот на стандардизација придонесува за неверојатен пораст на квалитетот на поштенските услуги што, потенцира Атансовски, е горлив проблем во Македонија и е директно поврзан со немањето стандардизирани  точки за пристап. 

Доколку биде прифатена иницијативата на Агенцијата за пошти, моделот за стандардизација треба да го утврдат Владата и Министерството за транспорт и врски, по претходна анализа.

-    Треба да се утврди колку компании имаат места за пристап за поштенски услуги, колку би биле збирно сандачињата. Со демографска анализа јасно би се опфатиле сите поштенски индивидуални адреси за да дојдеме до конечната бројка, но според мојата груба проценка мислам дека ќе има најмалку меѓу  300.000 и 500.000 точки на пристап во згради, куќи. Поштенските и адресните системи мора да бидат така направени што ако јас сум пошторазнесувач мора да ми биде  сеедно кај ќе разнесувам затоа што ќе има стандардизиран систем на адреси и улици, појаснува Атанасовски.

Со грант од Европската унија за зајакнување на административните капацитети на Агенцијата за пошти, меѓу останатото, се поддржува и стандардизацијата во делот за спроведување јавна кампања. Регулаторот предлага со дел од парите да се покријат трошоците за набавка на стандардизирани точки за пристап до поштенски услуги за институциите.

 Поштарите не се обврзани да достават пратка ако нема сандаче

ПоштарНаспроти европските држави каде поштенските услуги се унапредени, според Атанасовски,  голем дел од живеалиштата немаат поштенско сандаче кој според сегашната регулатива е должен да го постави секој корисник.  - Во спротивно разнесувачите на пошта воопшто не се должни да ја достават пратката. И ова сега што се постигнува, според Атанасовски, е резултат  на волјата и ангажманот на вработените во Македонска пошта да ја достават секоја пратка  без разлика на тоа што голем дел од корисниците воопшто немаат поштенско сандаче, вели Атанасовски.

Од националниот поштенски оператор Македонска пошта ад Скопје потврдуваат дека многу често се случува поштарите да не можат да ги достават поштенските пратки поради немање поштенско сандаче на влез на семејна куќа или индивидуална зграда.  Апелираат до граѓаните заради навремена и уредна достава да постават поштенски сандачиња, кои можат да се набават  во сите поголеми пошти во државата.

поштаОбврските за поставување куќни поштенски сандачиња од страна на корисници на поштенски услуги се дефинирани со Законот за поштенски услуги, во член 55. Тоа значи дека, примачот на поштенски пратки е должен да обезбеди и постави куќно поштенско сандаче на влез во семејна или индивидуална станбена зграда, односно влез на деловен простор, за да може да се достават поштенските пратки. Куќното поштенско сандаче треба да го носи бројот на семејната и индивидуалната станбена зграда или бројот на деловните простории. Куќните поштенски сандачиња треба да се одржуваат од страна на корисниците, со цел обезбедување на сигурна достава.

           Лидија Велковска

 

 

 

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

„Форбс“: Бијонсе е најплатената жена во светот на музиката

Списанието „Форбс“ ја прогласи Бијонсе за најплате...

Германски научник: Не треба да се плашиме од роботите

Футуристот Матијас Хоркс, кој е основач на германс...

Необична појава на небото над Лапонија (видео)

Атле Сталесен, новинар од финскиот весник „Баренц ...

Руска пензионерка освои седум милиони евра на лотарија (видео)

Пензионерка од руската Вороњешка Област, 600 килом...

Озлогласениот убиец Чарлс Менсон почина на 83-годишна возраст

Еден од најозлогласените криминалци на светот, Чар...