• A-
  • A
  • A+
среда, 13 декември 2017, 

Марков манастир го празнува својот патрон Свети Димитрија

Марков манастир го празнува својот патрон Свети Димитрија

Скопје, 7 ноември 2017 (МИА) - Марковиот манастир денеска и утре го одбележува споменот за својот патрон и заштитник Свети Димитрија.

Празнувањето почнува вечер во 17 часот со Вечерна богослужба на која ќе чиноначалствува Неговото блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски, г.г. Стефан.

Утре, на денот на споменот на Св. Димитриј, ќе биде отслужена Божествена Литургија, со почеток од 09:00 часот.

Марков манастир

Сите посетители ќе имаат и можност да се поклонат на моштите на многубројните светители кои се чуваат во манастирскиот параклис Свети Марко. Духовната ризница на Марковиот манастир содржи парче од реброто на Свети Димитрија, дел од марамата и од појасот на Богородица, парче од крстот на кој бил распнат Исус Христос, парче кожа од Света Ана, коска од Свети Јован Крстител, од Свети апостол Марко, од Света Елена, од десната рака на Свети Никола, од Свети Јован Златоуст, од Свети Серафим Саровски, Свети Пантелејмон, Св. Гаврил Лесновски,...

Марков манастир

Храмот посветен на Свети Димитриј во Марковиот манастир - седумвековен духовен, културен и просветителски центар, датира од средината на 14. век и е завештение на кралското семејство на Волкашин. Волкашин во 1345 година почнал да ја обновува црквата која таму и претходно постоела, а ја довршил неговиот син Крале Марко. 

Марков манастир

Православната црква го празнува споменот на Солунскиот великомаченик и чудотворец, Свети Димитриј, на 8 ноември (26 октомври по стар календар).

Марков манастир

Свети Димитриј е роден во Солун, во третиот век, како син единец на солунскиот војвода. По смртта на татко му, цезарот Максимијан го поставил Димитриј на истото место и посебно му препорачал да ги гони христијаните. Меѓутоа, Димитриј не само што не ги гонел, туку и јавно ја исповедал и проповедал христијанската вера. Поради тоа цезарот Максимијан го погубил. На местото каде што бил погребан подоцна е подигната црквичка, а потоа и голема црква во Солун. Таму се сместени и неговите мироточиви мошти.са/сд/09:51

###

Марков манастир

 

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Косовско село украсено како од бајките

Косовското село Петершан, кое се наоѓа на неколку ...

„Хафингтон пост“ објави листа на 18 најдобри филмови во 2017 година

Американскиот весник „Хафингтон пост“ објави листа...

Затвореник им се предаде на властите по 20 години минати во бегство

Затвореникот Гасан Салех (66), кој пред 20 години ...

Писториус повреден во затворска тепачка

Некогашниот параолимпиец Оскар Писториус е повреде...

Почина американски војник кој пијан дезертираше во Северна Кореја

Американски војник, кој пред повеќе од половина ве...