• A-
  • A
  • A+
понеделник, 11 декември 2017, 

Еден век постоење на Црквата Свети великомаченик Георгиј во Кочани

Еден век постоење на Црквата Свети великомаченик Георгиј во Кочани

Скопје, 19 ноември 2017 (МИА) - Црковниот храм посветен на „Свети великомаченик Георгиј“ од Кочани синоќа со свечена вечерна златоустова литургија ја одбележа 100-годишнината од изградбата и постоењето со која чиноначалствуваше митрополитот Брегалнички господин Иларион во сослужение на свештенослужители од кочанското архиерејско намесништво.

Во своето обраќање до верниците г. Иларион ја искажа потребата од постоењето на МПЦ-Охридска архиепископија која, како што рече, не обединува, сплотува во заедништво и слога. Од општинските власти и од верниците побара што поскоро да се изградат и осветат започнатите две цркви во Кочани посветени на „Преображение Христово“ и  „Свето Благовештение“ кои се во изградба.

Во рамките на одбележувањето на 100-годишнината од постоењето на кочанскиот православен храм, беше промовирана книгата „Црквата Свети великомаченик Георгиј – еден век постоење“, во издание на Општина Кочани.

Делото чии автори се Илинка Атанасова и Љубинка Ајтовска претставува пресек на историското и духовното живеење на храмот „Свети великомаченик Ѓорги“ и обид за систематизирање на значајни податоци, факти и документи од живеењето на Кочани.

Кочани црква

Книгата содржи податоци за неколку традиционални свештенички семејства од Кочани,и каталогот на икони и други богослужбени предмети, како дел од ова издание, ѝ даваат  посебна историско-уметничка тежина.

Рецензент и  промотор на делото беше проф. м-р Александар Атанасов, кој нагласи  дека  со расветлување на генезата на храмот „Свети великомаченик Георгиј“ во Кочани и хронологијата на формите низ кои опстојувал и се развивал, се развиваат колективната меморија и сознанијата за минатото, сегашноста и иднината. кг/сст/ 11:05

###

               

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Суданки казнети со 40 камшици оти носеле панталони

Дваесет и четири Суданки се соочуваат со казна од ...

Уругвај: Скара за во „Гинис“

Уругвај го собори Гинисовиот рекорд во печење скар...

Севернокорејскиот лидер го контролира и времето

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун се искачи на н...

Италијанец го премина Тибар одејќи по јаже

Италијанскиот еквилибрист Андреа Лорени, одејќи по...