• A-
  • A
  • A+
понеделник, 11 декември 2017, 

Грчките црковни портали го коментираат барањето на МПЦ-ОА до БПЦ

Грчките црковни портали го коментираат барањето на МПЦ-ОА до БПЦ

Атина, 20 ноември 2917( МИА) - Под насловите „Автокефалност од бугарската патријаршија бара расколничката  македонска црква“ и „Расколничката македонска црква подготвена да ја признае Патријаршијата на Бугарија како мајка-црква“, специјализираните сајтови за црковни вести во Грција, „Ортодоксија“ и „Ромфеа“ ја пренесуваат веста за дописот испратен од МПЦ-ОА до БПЦ, а објавен од бугарските медиуми.

- Македонската црква, која што не е признаена од Вселенската патријаршија, но и од ниедна друга православна црква во светот бара од Бугарската патријаршија да стане нејзина мајка-црква и заедно со неа да се стекне со евхаристиско единство, пишува порталот „Ортодоксија“.

Во текстот објаснува дека условот што македонската црква го поставила е да ѝ биде признаена автокефалноста.

 - Иако Бугарската патријаршија, засега,  ги држи затворени картите, се смета дека е речиси неверојатно да се обиде да се вмеша во случајот, бидејќи и Вселенската патријаршија и Српската патријаршија под која припаѓа регионот на Скопје, го признаваат охридскиот архиепископ Јован, кој како што е познато беше прогонуван и затворен од властите на соседната земја поради неговите активност. Во случај, Бугарската патријаршија да се вмеша на начинот на кој бара македонскат црква, тогаш се смета дека е сигурно оти ќе има итна реакција од останатите православни цркви, анализира грчкиот сајт специјализиран за црковни вести „Ортодоксија“.

Во опширниот текст, новинарот коментира  дека контактот на МПЦ-ОА и на БПЦ не бил случаен, затоа што како што пишува, во 2015, бугарскиот патријарх Неофит официјално го примил г.г Стефан.

Со сличен коментар е и текстот објавен на сајтот за црковни вести „Ромфеа“. Се споменува барањето од МПЦ-ОА за воспоставување евхаристиско единство и за, како што пишува порталот, „историската шанса патријаршијата да стане мајка- црква, на т.н. македонска црква“.

- Светиот синод на бугарската црква, и покрај тоа што има разговарано со луѓе од ПЈРМ, се плаши да го направи првиот чекор. На крај, треба да се спомене дека бугарскиот патријарх повеќепати, на официјално ниво ги има примено расколниците, додека пак бугарската црква слободно го користи името „Македонија“ и „македонска црква“, пишува „Ромфеа“ и додава дека во изминатиот период имало и официјални и неофицијални контакти меѓу претставници од двете цркви.

Со оглед на тоа дека Грција ниту ја признава македонската црква, ниту зборот „македонски“ како термин, во текстовите на грчките новинари, при употребата на фразата македонска црква, терминот македонски е ставен под наводници, а црквата се споменува со епитетот расколничка.

Сепак, освен на овие два портала за црковни вести, во другите грчки медиуми, не постои вест за дописот и барањата од МПЦ-ОА до БПЦ. Кај јужниот сосед засега, нема никаква официјална реакција или коментар.са/сд/10:10

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Суданки казнети со 40 камшици оти носеле панталони

Дваесет и четири Суданки се соочуваат со казна од ...

Уругвај: Скара за во „Гинис“

Уругвај го собори Гинисовиот рекорд во печење скар...

Севернокорејскиот лидер го контролира и времето

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун се искачи на н...

Италијанец го премина Тибар одејќи по јаже

Италијанскиот еквилибрист Андреа Лорени, одејќи по...