• A-
  • A
  • A+
среда, 13 декември 2017, 

Димевски: Писмото до БПЦ е позитивен чекор, но адресата за афтокефалност останува СПЦ

Димевски: Писмото до БПЦ е позитивен чекор, но адресата за афтокефалност останува СПЦ

Скопје, 20 ноември 2017 (МИА) - Писмото што Светиот синод на МПЦ-ОА го испрати до Бугарската православна црква, е уникатен потег прилично различен од досегашното конзервативно одвивање на работите кога станува збор за прашањето за стекнување статус на автокефалност, чекор кој може да донесе некои позитивни ветришта од аспект што ние, за жал, сме во ситуација во која нема што да загубиме. Но, сепак, вистинската адреса за афтокефалност и натаму е Српската православна црква.

Ова во изјава за МИА го посочува Даниел Димевски, верски аналитичар и магистер по меѓународно право, дипломатија и политика.

Де факто, вели Димевски, во ситуација сме во која не сме признаени де јуре од ниедна православна црква како автокефална и од тој аспект немаме што да загубиме доколку би биле признаени од страна на Бугарската православна црква.

- Што можеме да добиеме? Можеме да добиеме билатерално признавање од една соседна црква, што во принцип е добар чин, секако е подобра ситуација отколку ниедна и можно е со авторитетот кој го има БПЦ евентуално да потегне нога и некоја друга помала црква да пристапи кон следното. Преамбициозно и нереално е да се очекува дека со овој потег ќе се реши проблемот за признавање на автокефалноста, бидејќи вистинската адреса и понатаму е Српската православна црква, истакнува Димевски.

Досега, наведува, тие прашања се решаваа со консензус, што значи дека треба да сме свесни дека силните авторитети не се заинтересирани за ваков тип на решавање.

- Значи кога зборувам силни авторитети во православието пред се мислам и на Грчката, и на Српската и на Руската православна црква. Мислам дека е нереално од нив да очекуваме поддршка по ова прашање. Така што генерално главната придобивка ќе биде билатералното решавање, што секако е еден добар почеток за некое понатамошно одвивање на работите по овој спор. Ќе повторам, спорот ќе потрае. Доколку сакаме трајно решавање ќе мора да се изнајдат сили, начини и техники да тоа трајно решавање првенствено отпочне со давање на томосот од страна на Српската православна црква, вели Димевски. рп/са/14:05

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Косовско село украсено како од бајките

Косовското село Петершан, кое се наоѓа на неколку ...

„Хафингтон пост“ објави листа на 18 најдобри филмови во 2017 година

Американскиот весник „Хафингтон пост“ објави листа...

Затвореник им се предаде на властите по 20 години минати во бегство

Затвореникот Гасан Салех (66), кој пред 20 години ...

Писториус повреден во затворска тепачка

Некогашниот параолимпиец Оскар Писториус е повреде...

Почина американски војник кој пијан дезертираше во Северна Кореја

Американски војник, кој пред повеќе од половина ве...