• A-
  • A
  • A+
среда, 13 декември 2017, 

Успешен настап на монашките хорови на меѓународен фестивал во Грција

Успешен настап на монашките хорови на меѓународен фестивал во Грција

Дебар, 20 ноември 2017 (МИА) - Монашките хорови од свештените обители на Бигорскиот манастир, манастирот „Свети Георгиј Победоносец“ од дебарското село Рајчица и на манастирот Пречиста, кај Кичево, беа дел од многубројните учесници на осмиот меѓународен хорски фестивал, што за време на викендот се одржа во Солун, Грција.

Нивниот настап бил вториот фестивалски ден кога, како што вели сестра Ефимија, монасите низ источно-византиски песни и химни им ја пренесле на своите домаќини топлата љубов на нашиот народ.

- Древните црковни песни, кои беа отпеани од монасите и монахињите, ги погалија срцата на сите присутни, а самите тие, пак, со огромна радост и љубов беа пречекани од домаќините организатори на фестивалот. Монашките симфонични гласови топло прозвучија во велелепната Солунска концертна сала, која е најреномирана музичка институција во Северна Грција, додава сестрата.

Пред заминување, Архимандрит Партениј, изјави дека поканата за настап на еден ваков реномиран фестивал, „покажува дека грчкото општество се повеќе се отвора кон нашата МПЦ-ОА и препознава во неа жив и интензивен црковен, светотаински живот, со активно монаштво, редовна богослужбена пракса – од каде што, всушност, и произлегува искуството за изведбата на вакви богослужбени песнопенија”.

- Настапот на нашите монашки хорови во Грција, пред публика од високо општествено качество, има исклучително значење, бидејќи освен практичниот музички дел, тој претставува и еден вид силна црковна мисија за промоција на нашата Црква и нејзината широка евангелска дејност, нагласува сестра Еифмија.

Ваквите настани, се разбира, посочува Архимандрит Партениј, даваат и можност за понатамошно продлабочување на меѓусебните врски, но и за стекнување на нови, кои во иднина „би биле од голема полза за нашето меѓусебно зближување како два православни народа“.вт/вј/17:06

###

 

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Косовско село украсено како од бајките

Косовското село Петершан, кое се наоѓа на неколку ...

„Хафингтон пост“ објави листа на 18 најдобри филмови во 2017 година

Американскиот весник „Хафингтон пост“ објави листа...

Затвореник им се предаде на властите по 20 години минати во бегство

Затвореникот Гасан Салех (66), кој пред 20 години ...

Писториус повреден во затворска тепачка

Некогашниот параолимпиец Оскар Писториус е повреде...

Почина американски војник кој пијан дезертираше во Северна Кореја

Американски војник, кој пред повеќе од половина ве...