• A-
  • A
  • A+
среда, 29 март 2017, 

Македонија остана на 162. место на најновата ФИФА ранг листа

Македонија остана на 162. место на најновата ФИФА ранг листа

Цирих, 12 јануари 2017 (МИА) - Македонската фудбалска репрезентација остана на 162 место на рејтинг листата на Светската фудбалска федерација (ФИФА) објавена денсека.

Од репрезентациите кои се заедно со Македонија во квалификациската група за СП 2018 најдобро котира Шпанија (10.место), Италија е 16-та, Албанија 51-ва, Израел се најде на 55. Место, додека најслабо пласиран е Лихтенштајн кој е на 188.место.

Лидер е Аргентина, пред Бразил и Германија, а во ТОП 10 уште се и: Чиле, Белгија, Колумбија, Франција, Португалија, Уругвај и Шпанија. зс/11:47

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.