• A-
  • A
  • A+
понеделник, 11 декември 2017, 

Реакции на Харадинај и на Имери за апсењето на тројцата пратеници од Самопределување

Реакции на Харадинај и на Имери за апсењето на тројцата пратеници од Самопределување

Приштина, 24 ноември 2017 (МИА) - Косовскиот премиер Рамуш Харадинај истакна дека жали поради апсењето на тројцата пратеници од Самоопределување, додека лидерот на движењето Висар Имери ја критикуваше таа постапка, оквалификувајќи ја како „брутална“ и наложена „врз основа на политички налог. 

Како што јави МИА, пратеникот на движењето Самоопределување, Албин Курти, по кого трагаше косовската полиција врз основа на налогот за апсење што го издаде Основниот суд во Приштина, денеска е уапсен пред зградата на Собранието на Косово. 

Освен Курти, уапсени се и уште двајца пратеници од движењето, Аљбуљена Хаџиу и Доника Кадај Бујупи. 

Рамуш Харадинај

- Обвинетите требаше да се појават на суд бидејќи не направија ништо поради што би требало да се кријат. Сите тогаш бевме во опозиција. Вистина е дека се противиме на договорите кои се уште претставуваат закана за Косово. Ние сметаме дека тоа беше бунт што донесе нешто добро, а таков став имаше и Алијансата за иднината на Косово, наведе Харадинај, додавајќи дека „тоа е политичка, а не правна контроверзија“. 

Висар Имери

Имери оцени дека, апсењето на тие пратеници претставува само продолжение на севкупниот прогон на Самоопределување во последно време.

Пратениците на Самоопределување ја попречуваа работата на Парламентот во претходниот состав, спортивставувајќи се на Договорот за демаркација на границата со Црна Гора, што беше потпишан во Брисел. 

Во тоа време, на договорот се спротиставуваше и Алијансата за иднината на Косово, чиј лидер е актуелниот премиер Харадинај. 

Косовската полиција денеска употреби солзавец за да ги растера привризаниците на Самоопределување кои се обиделе да го запрат полициското возило со кое беше превезуван Курти. см/ми/13:48

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Суданки казнети со 40 камшици оти носеле панталони

Дваесет и четири Суданки се соочуваат со казна од ...

Уругвај: Скара за во „Гинис“

Уругвај го собори Гинисовиот рекорд во печење скар...

Севернокорејскиот лидер го контролира и времето

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун се искачи на н...

Италијанец го премина Тибар одејќи по јаже

Италијанскиот еквилибрист Андреа Лорени, одејќи по...