• A-
  • A
  • A+
петок, 19 јануари 2018, 

Светска банка ќе додели 150 милиони долари за унапредување на сообраќајот и трговијата на Западен Балкан

Светска банка ќе додели 150 милиони долари за унапредување на сообраќајот и трговијата на Западен Балкан

Софија, 7 декември 2017 (МИА) - Светска банка денеска најави дека на земјите од Западен Балкан ќе им даде 150 милиони долари за унапредување на ефикасноста на главниот сообраќаен коридор и за ширење на трговските врски.

Цел на Светска банка е да се поедностави процедурата на граничните премини, да се подобри ефикасноста на логистичките услуги и да се примени современа „паметна технологија“ за да се унапреди шпедитерскиот и патничкиот сообраќај и стоката побрзо да стигне до купувачот.

- Граѓаните од Западен Балкан ќе имаат корист од една милијарда долари годишно, изјави главниот извршен директор на Светска банка Кристалина Георгиева.

Како што соопшти Светска Банка, Георгиева во Софија зборуваше на конференција за поголема регионална интеграција на Балканот, чиј домаќин е бугарскиот премиер Бојко Борисов. паг/зш/15:19

###






Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Ким Кардашиан ги разбесни фановите со новата фотографија

Најпознатата старлета во светот Ким Кардашиан обја...

И Путин скокаше по крстот

Рускиот претседател Владмир Путин (65) денеска ско...

Папата венча стјуардеса и стјуард во авион

Папата Франциско ги венчаше стјуардесата и стјуард...

Волк побегна од резерват во близина на училиште во британскиот град Рединг

Волк избега од резерват за диви животни, кој е во ...

Харвард работи на „таблета за генијалност"

Научници од Универзитетот Харвард сметаат дека „ск...