• A-
  • A
  • A+
недела, 21 јануари 2018, 

Раст од 0,2 процента на БДП во третиот квартал

Раст од 0,2 процента на БДП во третиот квартал

Скопје, 7 декември 2017 (МИА) - Стапката на раст на бруто-домашниот производ (БДП) за третото тримесечје од  годинава изнесува 0,2 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.

Во третиот квартал годинава најголем пораст од 9,8 проценти е забележан во секторите: трговија на големо и трговија на мало, поправка на моторни возила и мотоцикли, транспорт и складирање, објекти за сместување и сервисни дејности, како и   во земјоделство, шумарство и рибарство за 3,8 проценти и дејности во врска со недвижен имот од 0,9 проценти.

Финалната потрошувачка на домаќинствата, вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, во третото тримесечје од годинава номинално расте за пет проценти, а нејзиното учество во структурата на бруто-домашниот производ изнесува 65,5 проценти.

Во истиот период, наведува статистика, извозот на стоки и на услуги номинално се зголеми за 9,8 проценти, а увозот на стоки и на услуги
забележа зголемување во номинален износ од 5 проценти.лв/скс/15:35

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Фејсбук повикува на борба против лажните вести

Социјалната мрежа Фејсбук ги повика своите корисни...

Во Лондон одложен лет поради пијан пилот

Авион на „Бритиш ервејз“ со два часа задоцнување п...

Том Пети починал од случајно предозирање со аналгетици

Познатиот американски музичар Том Пети починал од ...

Ким Кардашиан ги разбесни фановите со новата фотографија

Најпознатата старлета во светот Ким Кардашиан обја...

И Путин скокаше по крстот

Рускиот претседател Владмир Путин (65) денеска ско...