• A-
  • A
  • A+
недела, 21 јануари 2018, 

Антиќ остави можност да се врати во репрезентацијата

Антиќ остави можност да се врати во репрезентацијата

Белград, 3 јануари 2018 (МИА) – Најдобриот македонски кошаркар за 2017 година, Перо Антиќ во интервју за српските медиуми рече дека вратата во репрезентацијата за него се уште е отворена.

Изминатите години Антиќ велеше дека повеќе нема да игра за репрезентацијата, не ја промени одлуката ниту за квалификациите за Светското првенство во Кина во 2019 година, а евентуално враќање во националниот тим го услови со промени во Македонската кошаркарска федерација.

- Ќе почекам да видам што ќе се случи со раководството. Додека е актуелното раководство, јас не размислувам за тоа. Иако станува збор за играње за мојата земја, ова раководство само чека да направи некои проблеми, само ги лекува своите комплекси. Тие ја расипаа хемијата што ја красеше македонската репрезентација, па сега се е статус кво, посочува македонскиот кошаркар. зс/13:39

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Фејсбук повикува на борба против лажните вести

Социјалната мрежа Фејсбук ги повика своите корисни...

Во Лондон одложен лет поради пијан пилот

Авион на „Бритиш ервејз“ со два часа задоцнување п...

Том Пети починал од случајно предозирање со аналгетици

Познатиот американски музичар Том Пети починал од ...

Ким Кардашиан ги разбесни фановите со новата фотографија

Најпознатата старлета во светот Ким Кардашиан обја...

И Путин скокаше по крстот

Рускиот претседател Владмир Путин (65) денеска ско...