• A-
  • A
  • A+
вторник, 20 февруари 2018, 

Орбан: Иднината на ЕУ - Британците надвор, Балканот внатре, Средна Европа горе

Орбан: Иднината на ЕУ - Британците надвор, Балканот внатре, Средна Европа горе

Будимпешта, 9 февруари 2018 (МИА) - Балканот мора да биде интегриран во Европската унија, а тоа го прифати и самата ЕУ во својата Стартегија за Западен Балкан, изјави денеска унгарскиот премиер Виктор Орбан.

- Кога се формираше НАТО се појави израз, кој може да се сретне и во некои дипломатски записи, дека негова цел е „да се држат Американците внатре, Русите надвор, а Германците долу“. Ако го парафразиарам тоа, иднината на ЕУ би изгледала вака: Британците надвор, Балканот внатре, Средна Европа горе, изјави Орбан во обраќањето на почетокот на унгарско-српскиот Бизнис форум во Будимпешта, што се одржа во рамки на денешната заедничка седница на владите на Унгарија и Србија. 

Орбан нагласи дека и во ЕУ е прифатен ставот дека Балканот треба да се интегрира во блокот, за што Брисел одреди и термин - 2025 година. 

Виктор Орбан

 

- Не сме среќни со тој датум. Тоа е скромно и премногу далеку. Нам ни е потребен нешто поамбициозен термин, но и тоа што е одредена 2025 годината како термин е повеќе е што било досега, бидејќи до сега немавме слушнато датум, додаде Орбан. 

На собирот се обрати и српската премиерка Ана Брнабиќ, која истакна дека Србија не сака да стане членка на ЕУ како земја на која ќе и треба помош и поддршка, туку како држава која директно ќе може да придонесува за економската стабилност на Европа.

- Имаме Стратегија на ЕУ која првпат, не целосно, но на прилично јасен начин, дава перспектива за Западниот Блакан, пред се за Србија и Сврна Гора, за членство до 2025 година, нагласи Брнабиќ.

Инаку, во рамки на заедничката седница на владите на Унгарија и Србија во Будимпешта беа потпишани и неколку договори за билатерална соработка. сп/19:26

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.