• A-
  • A
  • A+
понеделник, 11 декември 2017, 

Македонски винарии на Меѓународниот саем во Дизелдорф

Македонски винарии на Меѓународниот саем во Дизелдорф

Скопје, 20 март 2017 (МИА)Вкупно 11 винарии од Македонија, Тиквеш, Сковин, Стоби, Далвина, Бовин, Камник, Езимит, Попов, Мовино, Ројал и Сопот, учествуваат на годинашниот Саем за вино „ProWein“ во Дизелдорф, Германија, што се одржува од 19 до 21 март.

Како што соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) кое го поддржа учеството, при претставувањето на македонските вина посебен акцент е ставен на сортата Вранец.

- Виното Вранец е наш најголем репрезент со кој може да се запознаат многубројните дистрибутери, увозници и други професионални купувачи на вино од целиот свет, наведува МЗШВ.

„ProWein“ е водечки меѓународен Саем за вино и алкохолни пијалаци во Европа на кој своите вина ги промовираат 6.000 изложувачи од 50 вински земји во светот. Секоја година брои повеќе од 50.000 бизнис посетители.

Македонскиот национален штанд и оваа година е финансиски поддржан од Програмата за финансиска поддршка на руралиот развој за 2017 година, додека поддршката на здружението „Вина од Македонија“ е во рамки на активностите на МЗШВ за промоција на македонското вино на интернационалните пазари. мч/са/15:26

###

Мозаик

Севернокорејскиот лидер го контролира и времето

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун се искачи на н...

Италијанец го премина Тибар одејќи по јаже

Италијанскиот еквилибрист Андреа Лорени, одејќи по...

Пронајдена најстарата древноегипетска гробница

Египетски археолози открија досега две неистражени...

Село во Германија продадено за 140.000 евра

Селото Алвине во германската сојузна покраина Бран...

Трка на над 7.000 Дедо Мразовци во центарот на Мадрид

Над 7.000 лица во костими на Дедо Мраз денеска уче...