• A-
  • A
  • A+
понеделник, 11 декември 2017, 

Крај на сезоната за Ибрахимовиќ

Крај на сезоната за Ибрахимовиќ

Манчестер, 21 април 2017 (МИА) – За Златан Ибрахимовиќ кој се повреди синоќа во реваншот од четвртфиналето во Лига Европа на  дуелот на неговиот Манчестер Јунајтед против Андерлехт сезоната заврши.

Шведскиот фудбалер со болен израз на лицето го напушти теренот, а по денешните детални прегледи информациите од Манчестер се дека тој нема да игра до крајот на оваа сезона, а кога ќе се врати на теренот за сега не е познато.

Ова се лоши информации за Манчестер Јунајтед кои во следниот период ќе го нема во составот првиот напаѓач.

Јунајтед синоќа се избори за полуфинале во Лига Европа каде ќе се сретне со Селта, а во Премиер лигата го очекуваат уште седум натпревари. зс/18:10

###

Мозаик

Севернокорејскиот лидер го контролира и времето

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун се искачи на н...

Италијанец го премина Тибар одејќи по јаже

Италијанскиот еквилибрист Андреа Лорени, одејќи по...

Пронајдена најстарата древноегипетска гробница

Египетски археолози открија досега две неистражени...

Село во Германија продадено за 140.000 евра

Селото Алвине во германската сојузна покраина Бран...

Трка на над 7.000 Дедо Мразовци во центарот на Мадрид

Над 7.000 лица во костими на Дедо Мраз денеска уче...