• A-
  • A
  • A+
четврток, 14 декември 2017, 

Ангеловски: Ремито со Италија е голема работа

Ангеловски: Ремито со Италија е голема работа

Торино, 7 октомври 2017 (МИА) - Македонската фудбалска репрезентација синоќа во Торино остана непоразена на гостувањето кај четирикратниот светски првак Италија. Со голот на Александар Трајковски во вториот дел Македонија изедначи (1:1)и ова е трет натпревар на гости без пораз по двете победи над Лихтенштајн и Израел во овие квалификации за Светското првенство.

- Да се одигра нерешено со четирикратен светски првак е голема работа. Целата заслуга е на фудбалерите, а сакам да го видам вистинскиот карактер на оваа селекција и да ја победиме селекцијата на Лихтенштајн (во понеделник во Струмица). Ги погодивме и замените, Трајковски влезе и постигна гол. Испалнирано ни беше Трајковски да биде џокер и се покажа како вистински потег. Кога на два натпревара одиграте на вакво ниво со Италија, тогаш нема случајност при нашиот успех. Во силна група со Шпанија и Италија, покажавме квалитет и се надевам дека ќе го исполнам сонот и ќе се квалификуваме на една голема фудбалска приредба, изјави на прес конференцијата селекторот Ангеловски.

Последниот натпревар од квалификациите Македонија го игра на 9.октомври во Струмица против Лихтенштајн. мн/ац/09:56

###

Мозаик

Ноќва на небото ќе биде видлив меторски дожд

Метеорскиот дожд Геминида ноќва ќе биде видлив во ...

Бездомник нашол 300.000 евра на аеродромот Шарл де Гол во Париз

Полицијата во францускиот главен град Париз трага ...

Принцовите Вилијам и Хари на премиерата на „Војна на ѕвездите" во Лондон

Британските принцови Вилијам и Хари, на изненадува...

Натпревар во „неправење ништо“ во Тајван

Студент од Хонг Конг по име Чан Кај-хо е победник ...

Порше започна со производство на мед

Компанијата Порше е позната по тоа што прави квали...