• A-
  • A
  • A+
сабота, 20 јануари 2018, 

Чавушоглу: Анкара сака нормализација на односите со Германија

Чавушоглу: Анкара сака нормализација на односите со Германија

Берлин, 7 октомври 2017 (МИА) - Владата на Турција сака нормализација на влошените односи со Германија, изјави турскиот министер за надворешни работи Мевљут Чавушоглу во интервју за магазинот „Шпигел“.

- Нема основа за проблеми меѓу Германија и Турција. Ако вие направите еден чекор кон нас, ние ќе направиме два кон вас, изјави Чавушоглу за германскиот весник.

Тој нагласи и дека Анкара е подготвена за соработка со лидерот на германските Зелени, Џем Оздемир, кој доколу неговата партија влезе во новата Влада на Германија, најверојатно ќе добие министерска позиција, при што се споменува дури и местото шеф на дипломатијата.

Оздемир е со турско потекло и важи за еден од најжестоките критичари на претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган.

Но, и покрај повикот за нормализација на односите со Германија, Чавушоглу во интервјуто застана во одбрана на острите изјави на Ердоган, со кои тој ги нарече актуелните германски лидери нацисти. 

Минатата недела и турскиот премиер Бинали Јилдирим повика на отворање „ново поглавје“ во односите меѓу Турција и Германија.

Односите меѓу Анкара и Берлин се влошија последнава година по обвинувањата на германските власти дека Ердоган врши политички чистки во земјата и забраната за учество на турски министри на митинзи во Германија за поддршка на референдумот за измена на Уставот на Турција. На ваквите постапки на Берлин, турските власти одговорија со закани и навреди кон германските лидери.

Во Германија живеат околу три милиони лица со турско потекло и двете земји изминативе децении имаа традиционално блиски и пријателски односи. сп/12:00

###

Мозаик

Ким Кардашиан ги разбесни фановите со новата фотографија

Најпознатата старлета во светот Ким Кардашиан обја...

И Путин скокаше по крстот

Рускиот претседател Владмир Путин (65) денеска ско...

Папата венча стјуардеса и стјуард во авион

Папата Франциско ги венчаше стјуардесата и стјуард...

Волк побегна од резерват во близина на училиште во британскиот град Рединг

Волк избега од резерват за диви животни, кој е во ...

Харвард работи на „таблета за генијалност"

Научници од Универзитетот Харвард сметаат дека „ск...