• A-
  • A
  • A+
недела, 21 јануари 2018, 

ЕК: Хрватска и Словенија да продолжат со дијалогот и да избегнуваат опасни потези

ЕК: Хрватска и Словенија да продолжат со дијалогот и да избегнуваат опасни потези

Брисел, 3 јануари 2018 (МИА) – Европската комисија денеска ги повика Хрватска и Словенија да продолжат со дијалогот на сите нивоа и да избегнуваат какви било потези што би можеле да им наштетат на билатералните разговори.

Комисијата повтори дека е подготвена да помогне во имплементација на арбитражната пресуда.

– Комисијата бара од двете страни да продолжат со дијалог на сите нивоа на конструктивен, примерен и недвосмислен начин и избегнување каков било потег што би наштетил на билатералните разговори кои се во тек, изјави Мина Андреева, портпаролка на ЕК на прес-конференција.

Таа додаде дека Комисијата е подготвена да придонесе или да го олесни процесот за подобра примена на одлуката на Арбитражниот суд.

– Комисијата може уште еднаш да расправа и да разгледа како да се придонесе за имплемнетација на арбитражната пресуда.

За хрватско-словенечкиот спор ЕК расправаше на 20 декември. По тој состанок, првиот потпретседател на ЕК Франс Тимерманс рече дека состанокот на премиерите Андреј Пленковиќ и на Миро Церар ден претходно во Загреб бил „добар знак“. зш/18:45

###

НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Фејсбук повикува на борба против лажните вести

Социјалната мрежа Фејсбук ги повика своите корисни...

Во Лондон одложен лет поради пијан пилот

Авион на „Бритиш ервејз“ со два часа задоцнување п...

Том Пети починал од случајно предозирање со аналгетици

Познатиот американски музичар Том Пети починал од ...

Ким Кардашиан ги разбесни фановите со новата фотографија

Најпознатата старлета во светот Ким Кардашиан обја...

И Путин скокаше по крстот

Рускиот претседател Владмир Путин (65) денеска ско...