• A-
  • A
  • A+
сабота, 21 октомври 2017, 

„Патриотски маршеви“ на противниците на независна Каталонија

„Патриотски маршеви“ на противниците на независна Каталонија

Мадрид, 7 октомври 2017 (МИА) - Повеќе организации, кои се противат на независноста на Каталонија, за денеска најавија одржување на „патриотски маршеви“ во повеќе градови на Шпанија, вклучително и во Мадрид и Барселона.

- Шпанија е подобра од своите лидери. Сега е момент да се собереме и да им кажеме дека се неспсобни и неодговорни, се наведува во повикот на организаторите на „Патриотските маршеви“.  

Најавите за овие собири доаѓаат во време кога и Мадрид и Барселона се обидуваат да ги смалаат тензиите предизвикани со одржувањето на референдумот за независност на Каталонија на 1 октомври.

Шпанската Влада синоќа упати извинување од жителите на Каталонија поради стотиците повредени лица при обидите на националната полиција за попречување на референдумот, додека каталонскиот лидер Карлес Пуџдемон го откажа обраќањето пред регионалниот Парламент во Барселона, што беше најавено за во вторник, кога се очекуваше да прогласи независоност на регионот.

Медимите во Шпанија оценуваат дека засега не е познато каков потег ќе преземе Пуџдемон следната недела, во услови кога е изложен на притисок од страна на сепаратистите за „почитување на одлуката на референдумот“ и за прогласување независност на Каталонија.

Тој уште претходно повика на меѓународно посредништво за надминување на спорот меѓу Мадрид и Барселона. Швајцарија вчера се понуди да посредува во овој дијалог, но Мадрид одбива какви и да било разговори со каталонските регионалми лидери се додека тие не се откажат од идејата за независност на Каталонија.

Каталонскиот министер за територијален и одржлив развој Санти Вила во авторски текст во барселонскиот весник „Ара“ повика на „прекин на огнот“ со централната влада во Мадрид и побара да се размисли за „ползата и последиците“ од прогласувањето на независност на Каталонија. сп/12:00

###