• A-
  • A
  • A+
вторник, 21 ноември 2017, 

Услови за користење


Прифаќање на условите за користење


Со пристапот на интернет страницата www.mia.mk ги прифаќате и се обврзувате да ги почитувате Условите за користење на содржините од интернет страницата www.mia.mk.

МИА го задржува правото без најава да ги изменува и дополнува овие услови.

Секоја промена или дополнување на Условите за користење се применува од денот на објавувањето.

Право на користење

Посетителите на интернет страницата www.mia.mk имаат право на увид во сите објавени содржини со помош на своите интернет пребарувачи само за лично информирање.

Посетителите на интернет страницата www.mia.mk немаат право на никаков начин да ги преземаат содржините целосно или делумно и да ги отстапуваат на трети лица, да ги складираат во електронска или каква било друга форма, ниту јавно да ги објавуваат или да ги користат за комерцијални намени, без изричито писмена согласност од МИА.

Точност на содржините

Содржината на интернет страницата www.mia.mk изработена е во склад со професионалните новинарски и технички стандарди за новинска агенција. МИА не е одговорна за евентуални директни или индиректни последици од употребата на тие содржини.

Заштита на авторските и сродни права

Интернет страницата www.mia.mk нејзините содржини, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright).

Информативните содржини на интернет страницата www.mia.mk, меѓу другото, се дел од Базата на податоци на МИА. Таа база на податоци е сопственост на МИА и во согласност со Законот за заштита на авторски и сродни права е заштитена како самостојно авторско дело.

Дел од информативните содржини на интернет страницата www.mia.mk создаваат информации кои се интелектуална сопственост на деловните партнери на МИА. 

Интернет страницата www.mia.mk содржи заштитени жигови, знаци и називи на друштвото, вклучително и жигот и називот Македонска Информативна Агенција и МИА. Заштитените жигови, знаци и називи на друштвото не смеат да се користат без изричито писмена согласност од МИА.

Заштита на приватноста и тајност на податоците

Интернет страницата www.mia.mk ја почитува приватноста на своите посетители. Податоците на посетителите не се дотапни за трети лица, освен во случаи поинаку пропишани со закон.

Врски (линкови) до други интернет страници

Некои од врските (линковите) на интернет страницата www.mia.mk водат кон интернет страници и сервиси на други извори на информации и информирање. МИА на никаков начин не е одговорна за содржините на тие страници и сервиси.

Мозаик

На Шарапова и се закануваат седум години затвор

Руската тенисерка Марија Шарапова се соочува со об...

„Форбс“: Бијонсе е најплатената жена во светот на музиката

Списанието „Форбс“ ја прогласи Бијонсе за најплате...

Германски научник: Не треба да се плашиме од роботите

Футуристот Матијас Хоркс, кој е основач на германс...

Необична појава на небото над Лапонија (видео)

Атле Сталесен, новинар од финскиот весник „Баренц ...

Руска пензионерка освои седум милиони евра на лотарија (видео)

Пензионерка од руската Вороњешка Област, 600 килом...