• A-
  • A
  • A+
четврток, 20 септември 2018, 

Обичаи и верувања

9 април 2018 (МИА)

Здравици 

1. Два ангела летаа,
по престоли госпоски,
киски цвеќе китеа,
рајски песни пееја:
Алилуја, алилуја,
Господи помилуј,
повели напи се, Иване,
помогол ти денешен.

2. Ристој вајскрс Самртнаго,
Самртниу ступи,
гробнем живо дарова
два гроба живо дарова.


Благослови на чаша со вино или ракија по нашите села.
3.
Добро здравје!
Добра мисла!
Мир и милост!
Господ од лошо да не чува!
Господ да ни чува седбата!
Дар по полето!
Здравје во стоката!
Некоја смеќа на душманите, 
ум и разум на рисјаните!
На помош денешен (името на празникот)
и си светци помошници!
Бог да ни ’и прости крстени души!
Блаосојте и здравица ви!

4.
На помош вчерашен, денешен и утрешен.
Свети Дух да подуе полето!
Што се пеат на приет:
Машки деца, женски јаганца,
дар во благата,
чад во буништата, 
огон во огништата,
роса по полето
мед и млеко во планињето,
здрави, живи домаќините
сосе тајфите (домашните),
куќи полни со гости, пријатели,
братска љубов!
Бог да ни ’и прости крстени души!
Блаосоите!
Здрами се!

5. 
На куќа слама,
во куќа слава
да е жива
домаќинска глава!

6. Благослов при пиење вино и ракија на свадба 

Господи Боже, поможи!
Господ да ни поможи,
и си светци небесни,
и денешна Света Богородица
да не крепи надесно
и да не има под рака!

Свети Арангел милостив
и чесен крст да не укрилит!
Свети Илија да ни го чуа
полето со бериќето,
и Свети Дув да ни подуе полето,
за полни да ни сет амбарите,
полни бочви со вино и ракија!
Да ни е жив домаќин,
да му е жива домаќинка
и челад што му дал Господ,
во челад и во стока добрина!
Колку клиње во куќава,
толку синои у домаќина!

Да му се живи овците,
трлото да му е полно
со машки јаганца калеши!
Стрижење, молзење,
јадење и пиење
од века до века, дај Боже!

Брацка љубов да имаме,
трешница на душмани,
да се влечат по газоите, 
на мешини по мостоите, 
бели камења да ватат
и назад да се не вратат;
Света земја да појдат
и тамо да останат!

Брацка љубов и добра мисла
Господ да ни даит!
На стари годиње добра старос
и добри дни!
Блаосоите и здрав ми сте!
Откога ќе ја испиет чашата, ќе ја турат, велејќи: „Колку капки останаа во чашава, толку душмани да останат.“ Ако се погоди и свадба да имат во куќата, при друзите (горни) зборои ќе се блаосоит и вака:

Да ни се живи младенците
и турачите што ни тураат
по чесна трпеза вино и ракија!
Арџот и страмот за век!
Годинава венчаваме,
до година да крстиме,
и на помали да исчекаме!
Да сме живи и гостите 
што го веселиме домаќино!

Вакваа радос и веселје
и во нашите куќи,
и на нашата челад!
да се радуаме и веселиме:
кој од срце кој од глаа,
кој од челад, кој од брат,
кој од сина и внучиња!
Блаосоите ме и здрав ми сте!

„Ов, ов, ов што била слатка оваа ракија што ми ја подаде зетов“, - ќе речит пијачот. Друзите гости ќе му одречат со насмет: „Слатка е, побратиме, ја, оти од зет ет подадена, затоа е слатка.“
На прс прикажуаат тие селани што можат да редат ваквие зборои на чашата кога да се пиет на соборт или свадба. Сејкој му се чудит на тој чоек што блаошава вака, како знаит да блаошават толку многу како на книга да гледат.

7. Кога да пиет вино

Протекол ми м’тен Дунав, занесол ми чаша вино; поклон дојде до кумета; кумот ми се љуто к’лнит, „Жии Бога не је моја, туку ми је Николо’а, пи Никола пи, опет наполни“.

8. Одговор

Мори чашо бу чашо, што ми бучиш на мене, ете јунак за тебе. (Подготви Марко Китевски)

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Обожаватели на Принс бараат истрага за неговата смрт

Илјадници обожаватели на американскиот музичар При...

Објавена првата слика од новиот Џокер

Режисерот Тод Филипс на Инстаграм ја објави првата...

Експерти: Вештачката интелигенција ќе ни овозможи комуникација со животните

Желбата за зборување со животните тлее во многумин...

На Месечината има погребан човек

На Месечината има многу „ѓубре“ од луѓето што ја п...

Папата Франциско: Сексот е голем дар од Бога

Папата Франциско им порача на младите Французи дек...