Обичаи и верувања

11 април 2018 (МИА)

Народна филозофија

Пословици и поговорки од Сетина и Попадија

Извади си ги очите.
И ѕидот има уши.
Итар е, ама без ум.
Има пари, ама чуму му се.
Јади пи, легни спи.
Јаде како змев.
Јазикот коски нема, ама коски крши.
Кој не седи мадро, ќе си го најди.
Кој носи не проси.
Кабаетен е сиромавио.
Каков татко таков син.
Како што дојде така си отиде.
Како ќе постелиш, така ќе легниш.
Како ќе ти свират, така ќе играш.
Кога се фати сиромавио на оро, се скина тапано.
Која овца се дели од булуко, в’лкот ќе ја изеди.
Кој во осој, кој во присој.
Кој копа гроб на друг, сам ќе си го ископа.
Кој кради тој лажи.
Легни му да те гази.
Лесен од умо.
Лоши, арни, наши сме.
Лесно се разболуваш, ама тешко оздравуваш.
Му пукна пердето.
Мала работа, голема срамота.
Мед му течи од устата кога зборува.
Мижи очи да те лажам. 
Мисли па прај. 
Моето е мое, твоето е твое.
Мрзата е краста.
Му дојде јајцето на газо.
Маж куќа не крепи.
Не е срамота од работа.
Не се јади се што лета.
На ѓаволот дупката му ја знае.
Најде па зајде.
На сиромавиот и Господ не му поможва.
На старост магарост.
На празен мев, оро играа.
Не е за кого печено, туку за кого е речено.
Не куца магарето од самарот.
Не ми пее петлето.
Никој не се родил учен.
Ниту се јаде, ниту се пие.
На куков ден.
Надвор кукла, дома панукла.
Нати слепче очи.
Од арно никој не бега.
Од еден вол две кожи не се дерат.
Од коњ на магаре.
Од молење глава не боли.
Од пијаниот и будалиот далеку бега.
Од пишаното не се бега.
Од страв се бега, од страм не се бега.
Одозгора мазно, одоздола азно.
Ппаднаи стана.
Пес кучка не дави.
Петле јајца не носи.
Пиши-бриши.
Поарно човек да посака отколку да откради.
Покрај сувото дрво гори зеленото.
Помина зимата не ти треба гуната.
Полни очи празни раци.
Попо зима, зма не дава.
Покрај добро, да најдиш лошо.
Прав си како фишек.
Прво мисли сетне прај.
Прво посеј, сетне жнеј.
Пријателот се познава кога имаш мака.
Пријателот пријател, ама гробо ти го копа.
Работата е од Госпо дадена.
Работи како коњ.
Рани суша да те слуша.
Рано легни, рано стани.
Рибата во морето, тавата на огнот.
Рика како магаре.
Рибата од главата смрди.
Рани куче да те лае.
Сенката се врти околу своето дрво.
Си го крена носо.
Сирома до гуша.
Сите прсти не се едно.
Сам си дроби, сам си срка.
Сам си свири, сам си игра.
Свири Рајко, играј Трајко.
Сам си ги извади очите.
Секој си плачи на својот гроб.
Секој петел на своето буниште пее.
Се најде во небрано лозје.
Сечко сечи, март влечи.
Си ја кладе главата во торба.
Си купи беља со пари.
Со оган и вода не се игра.
Се качи вошка на рошка.
Село без гробишта нема.
Се милват како куче и маче.
Стис со глава не се турка.
Се инати како магаре пред мосто.
Слаб како рошка.
Сто драма ум имаш ти.
Страв лозје брани.

Од книгата „Сетина и Попадија во минатото“ од Ташко Јованов и Стојан Трпчевски, Скопје 1992. (Подготви Марко Китевски)

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Британски математичар тврди дека пронашол решение за проблем стар 160 години

Еден од најистакнатите британски математичари, Мај...

Познатиот професионален убиец на ТВ екраните стана модна икона

Ѕвездата од новата ТВ серија „Убиствената Ив“, ист...

Премиерката на Нов Зеланд и нејзиното бебе - хит во ОН

Премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн, која ов...

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...

Доделена „Алтернативната Нобелова награда"

Наградата „Правилно живеење", позната и како „Алте...