• A-
  • A
  • A+
среда, 19 септември 2018, 

Обичаи и верувања

15 април 2018 (МИА)

Народна филозофија

Македонски народни гатанки 

Кокошка
Сто фустани носит, ко ќе дувнит ветрот г’зот је се видит.
Парталаа Ѓупка, дуна ветро и се виде газо.
Клекна кмет остаи мед, двајца го видоа петмина го зедоа. (Кокошка кога неси јајце).
Кораб.
Елен по море пливаше, ни морето се матеше, но еленот се давеше.
Костен.
Кожата му е црна, срцето му е бело.
Котле
Црно мече, газе пече.
Кош
Си имам едно магаренце цела племна ми изеде лајна не исра.
Крава и теле.
Викна Вида од висока рида, ја чу Трна се загна по четири зрна.
Кромид.
Осушен досушен тридевет кожушен.
Еже меже во девет кожи леже.
Кросно на разбој.
Еден човек имал две крави, едната м’лзница другата јалојца. М’лзницата се изјалојала, јалојцата се отелила.
Крт.
Без рало без мотика, само орат, само копат.
Ни плуг ни мотика, а само орат и копат.
Кукајца
Јајца несит не квачит, а пак пилиња имат.
Ламба
Ноќе слугинка, а дење господарка.
Леб
Без кора го клааш, со кора го извааш. (Непечен и печен)
Мек го клааш, јак го извааш. (Во фурна и од фурна).
Лешник
Малоо грненце слатко варилце.
Лице
Честа, честа горица (коса)
под горица полица (чело)
под полица сорпец (вежди)
под сорпец зорцала, (очи)
под зорцала сморчало (нос)
под сморчало ламија (уста)
под ламија чоканче (брада)
Во двор имат седум чешми, четири солени, две горчливи и една блага.
Лоза
Расторбешена мајка, убаво дете, палаво внуче. (Лоза, грозје, вино).
Лук
Дванајсет браќа под една кошула.
Деветина браќа у едно рало гаќи лежат.
Луле
Си имав една плевна со слама, сламата гори плевната не гори.
Магла
Бела Рада по рид пасит.
Мачка
Повезден предит, а прежда немат.
Предит, предит а не можит да допредит.
С ден Мара седела, с ден Мара предела, опашка је вретено, а мустаќи предено.
Црвено виси, козинавото го чека. (Мачка и месо).
Метла
Педа човек, лакот брада.
Ноќе господарка, а дење слугинка.
Цел ден работит, навечер зад врата седит.
Млеко кисело.
Штрк се посра, сето море скисна. (Маја во млеко).
Мотика
Цап цап вапала, дошла не лапала, ни леп јала, ни вода пила, зад врата се скрила.
Мрави
Црно јаже по земја се влечит.
Мрсул
Петмина се спушчије, двајца го фатије, одземи го удрије.
Небо
Пуна каленица сос јајца. (Подготви Марко Китевски)

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Објавена првата слика од новиот Џокер

Режисерот Тод Филипс на Инстаграм ја објави првата...

Експерти: Вештачката интелигенција ќе ни овозможи комуникација со животните

Желбата за зборување со животните тлее во многумин...

На Месечината има погребан човек

На Месечината има многу „ѓубре“ од луѓето што ја п...

Папата Франциско: Сексот е голем дар од Бога

Папата Франциско им порача на младите Французи дек...

Мајкл Џордан донираше два милиона долари за Северна Каролина

Поранешната НБА ѕвезда Мајкл Џордан донираше два м...