Обичаи и верувања

18 јуни 2018 (МИА)

Преданија и легенди за Свети Еразмо Охридски 

За гласот што буди молитва 

Отец Алексиј од (манастрирот) „Свети Еразмо“ живее како пустиник. Вели дека ништо не го вознемирува. Само понекогаш по полноќ, му доаѓа глас што го вика по име: „Алексиј, стани и види в црква!“ Тогаш тој станува и оди в црфква. И секогаш тогаш гледа дека кандилото догорело, па треба да му се дотури.
И од многу други сме чуле слична повест за гласот што разбудува и вика на молитва. Има такви случаи тој глас да ги разбудува оние луѓе кои треба да станат порано и да одат на пат. Тоа е гласот на ангелот хранител, кој се грижи за оние кои и се предани на службата.
Кн. „Емануел“, 1937.

Насилникот ослепел 

Битолскиот очен лекар д-р А. Х. ми го раскажа следниот необичен случај.
- Ми донесоа, вели, еден ден, некој слеп Турчин од Охрид. Го гледам јас, очите му се отворени, но тој ништо не гледа. Кога го прашав како ослепел, тој ми раскажа како еднаш минувал со другарите патем покрај црквата на свети Еразмо крај Охрид. Здогледувајќи ја каурската светост, тој го иставил пиштолот и пукал во црквата. Пиштолот му испаднал од рака, а тој останал без вид. Да не е од барутот, вели, јасно е од тоа што не осетил никаква болка, ни надворешно, ни однатре, само видот сосема му се изгубил. И очите му останале здрави, но без вид. Како некој да ја подал својата таинствена рака и му ја зел способноста да гледа. – Потоа раскажал тој ист доктор како го лекувал на различлни начини, но не можел да го излекува. Тој Турчин и сега е жив и – слеп.
Од кн. „Емануил“, 1937.

Давид прозборел

Во 2013 година од Скопје во „Св. Еразмо“ дошле родители на 8-годишно дете. Се викало Давид. Детето возрасно но не зборувало. Родителите го носеле каде не. И детето се измачувало да пушти глас, и тоа со ишарет се молело во храмовите во кои што биле. Барајќи спас биле дури и кај кушачки и бајачки.
-Дојдоа овде. Како да им беше последна утеха, последна надеж. Ми ја кажуваат маката. Детето со умилен поглед гледа во мене што ќе им речам на родителите. Тројцата ги однесов во пештерската црква. Како секаде: палат свеќи, се крстат и се молат за говор на детето пред обележјата. Кога одеднаш Давид почна да зборува. Настана невидена радост кај родителите, среќа кај детето. Тој настан се случи пред мои очи. Таа глетка, среќа и радост постојано ми се како сега да ги гледам и да ги доживувам, вели Васа Граждани, кажувајќи ни дека овие среќници доаѓале и на следните Светиеразмови празнувања, дарувајќи го светецот со соодветни дарови. 

Од книгата „Чудата на Свети Еразмо“, од д-р Стојан Ристески, Струга 2015. (Подготви Марко Китевски)

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...

Доделена „Алтернативната Нобелова награда"

Наградата „Правилно живеење", позната и како „Алте...

Тревога во Бакингемската палата поради приврзок за клучеви

Мажот кој вчера беше уапсен кај Бакингемската пала...

Многу мажи по сексот чувствуваат емотивна празнина

Дури 40 отсто од мажите по сексот чувствуваат емот...

НАСА откри две нови планети

Само пет месеци по поставувањето во земјината орби...