• A-
  • A
  • A+
среда, 19 септември 2018, 

Нов пад на вредноста на турската лира

Нов пад на вредноста на турската лира

Анкара, 14 август 2015 (МИА) - По вчерашното пропаѓање на преговорите за формирање коалициска влада во Турција и се поизвесното одржување на предвремени парламентарни избори, вредноста на турската лира денеска забележа нов пад на вредноста во однос на амриканскиот долар и еврото. 

Вредноста на лирата денеска се намали во однос на доларот за 0,58 проценти на 2,83 турски за една американска валута. Вчера при затворањето на Истанбулската берза еден долар чинеше 2,81 лири, отако во текот на денот забележа пад од 1,19 отсто.

Во однос на еврото, лирата денеска забележа пад од 0,65 проценти на вредност од 3,16 турски за една европска валута. Вчера лирата забележа пад во однос на еврото од 1,64 отсто, завршувајќи го денот на вредност од 3,13 лири за евро. 

Експертите наведуваат дека причина за слабеењето на турската национална валута е зголемената неизвесност кај инвеститорите поради политичката криза предизвикана од неможноста да се формира нова влада по изборите на 7 јуни, на кои по 13 години владејачката Партија на правдата и развојот (АКП) го загуби парламентарното мнозинство.

Од друга страна, полиитчката криза е засилена и од обновувањето на судирите меѓу турските сили и сепаратистичката Курдска работничка партија (ПКК), која минатиот месец објави крај на примирјето прогласено во 2013 година, поради турските воздушни напади врз нејзините позиции во северен Ирак.  сп/13:22

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Обожаватели на Принс бараат истрага за неговата смрт

Илјадници обожаватели на американскиот музичар При...

Објавена првата слика од новиот Џокер

Режисерот Тод Филипс на Инстаграм ја објави првата...

Експерти: Вештачката интелигенција ќе ни овозможи комуникација со животните

Желбата за зборување со животните тлее во многумин...

На Месечината има погребан човек

На Месечината има многу „ѓубре“ од луѓето што ја п...

Папата Франциско: Сексот е голем дар од Бога

Папата Франциско им порача на младите Французи дек...