• A-
  • A
  • A+
сабота, 23 јуни 2018, 

Турските и холандските инвестиции за поголема конкурентност на македонската економија

Турските и холандските инвестиции за поголема конкурентност на македонската економија

Скопје, 17 ноември 2015 (МИА) - Како турските инвестиции во Македонија од околу една милијарда евра и холандските вредни над 400 милиони евра можат партнерски да се најдат на трети пазари. Ова ќе биде една од темите на седница на Управниот одбор на Стопанска комора на Македонија – Турција (МАТТО) што ќе се одржи вечер во 19 часот во хотелот „Стоун Бриџ“ во Скопје.

Како што соопшти МАТТО, економските стратегии на Турција и Холандија ја гледаат Македонија како на место на поврзување со  ЕУ, централноазиските, кавкаските и северноафриканските пазари.

На седницата ќе стане збор и за влијанието на Кралството Холандија врз македонската економија, како и за тоа дали е реално со турските инвеститори да се соработува за пласман во трети земји. Предвидено е да зборуваат амбасадорите на Турција и Холандија, Омур Солендил и Воутер Пломп. 

На членовите на Управниот одбор на МАТТО ќе им бидат презентирани програмите на холандска влада за унапредување на конкурентноста на македонските компании, како и холандската инвестиција за производство на расаден материјал, European Plant company, Тетово која реализира пласман, покрај другите земји, и во Турција и Казахкстан. мч/дма/12:25

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.