• A-
  • A
  • A+
четврток, 19 април 2018, 

Снегот го одложи откупот на тутунот во Струмичко

Снегот го одложи откупот на тутунот во Струмичко

Струмица, 11 јануари 2017 (МИА) - Поради снегот, производителите од Струмичко не го носат тутунот на продажба иако вратите на откупните центри се отворени.

Како што велат од здруженијата на тутунопроизводители, предавањето на родот ќе продолжи веднаш штом се подобрат временските услови. 

- Пунктовите се отворени и работат со регуларно работно време. Така ќе биде до 15 март, иако се очекува годинава откупот да заврши порано. Досега во Струмичко се откупени околу 85 отсто од произведениот тутун, а преостанатите 15 проценти поради отежнатите временски услови производителите не ги носат на откуп, изјави претседателот на здружението „Басмак“ Марјан Трајков.

Досега на ниво на Македонија се откупени околу 15 милиони килограми тутун, а во Струмичко 1.000.000 килограми. Просечната цена е 192 денара за килограм. 

Според Инспекторатот за земјоделство, тутунарите кои имаа договори со „Струмица табак“, компанија која годинава не почна откуп, веќе ги предаваат количините на други откупни пунтови. кд/мч/14:58

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Поранешни осуденици ги заменија фантомките со пекарски капчиња

Група поранешни осуденици од српскиот град Крагује...

Претседателот на Уганда сака да го забрани оралниот секс

Претседателот на Уганда, Јовери Мусевени изјави де...

Ресторан кој и оние без пари не ги остава гладни

Доколку сте гладни, а немате пари, тука секогаш мо...

Прва кино проекција во Саудиска Арабија по 35 години

Во Саудиска Арабија, првпат по 35 години, граѓанит...

Пронајдена подморницата со која, наводно, Хитлер побегнал во Јужна Америка (видео)

Германската подморница со која, според теоретичари...