МЗШВ: Исплатата на субвенциите ќе продолжи деновиве
- понеделник, 20 март 2017 10:16
Скопје, 20 март 2017 (МИА) - Исплатата на субвенциите се очекува да продолжи оваа недела, откако денеска новоназначениот директор на Платежната агенција Игор Златков и официјално ќе стапи на функцијата.
Според Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ), Антикорупциската комисија веќе даде позитивно мислење за реализација на финансиската поддршка, средствата се обезбедени, преостанува уште Златков да го депонира потписот во Централен регистар.
И производителите потврдија дека добиле ваква информација од МЗШВ поради што, велат, средбата што требаше да се одржи денеска со ресорниот министер Михаил Цветков, е одложена.
- По завршување на процедурите за депонирање на потписот на новиот директор на Платежната агенција во Централен регистар, очекуваме деновие да почне исплатата на субвенциите, информираат од МЗШВ.
Земјоделците чекаат Златков официјално да стапи на позицијата директор, како што им е соопштено, и до крајот на неделава да почне исплатата на субвенциите. - Во петокот Министерството ни соопшти дека денеска треба да се депонира потписот на новиот директор на Платежната агенција, а тоа значи дека наредните денови ќе почне исплатата на субвенциите, изјави претседателот на Федерацијата на фармери Никола Стаменов.
Исплатата на субвенциите беше стопирана по последните парламентарни избори поради различното толкување на Изборниот законик. За надминување на проблемот, МЗШВ изготви предлог-измени, но на владината седница на која тие се разгледуваа, беше заклучено Антикорупциската комисија да се произнесе околу можноста за реализација на поддршката откако ќе ги согледа сите законски решенија кои го регулираат овој процес.
Субвенциите за 2016 година треба да се исплатат најдоцна до 30 јуни годинава, а за финансиска поддршка на земјоделството во 2017 година се обезбедени 100 милиони евра. мч/са/10:16
###
Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.
Фото сервис
Мозаик
Тикер
- 14:52 | Јилдирим: За непријателите на Турција, Грција е „безопасен азил“
урскиот премир Бинали Јилдирим денеска изјави дека е неприфатливо луѓето кои учествуваа во неуспешни...
- 14:48 | Нови вакцини, промена на вакциналниот календар и нови правила за заштита на децата
Со две нови вакцини за пнеумокок и рота вирус се осовременува календарот за имунизација, со што Маке...
- 14:47 | Хоџа: Спогодба за основање културно-информативен центар на Македонија во Тирана
Владата на 64. седница донесе одлука за склучување спогодба со советот на министри на Република Алба...
- 14:30 | Николовски: Новите технологии во земјоделството треба да бидат приоритет за секоја држава
Воведувањето на нови технологии во земјоделството е приоритет на секоја држава која што цели кон соз...
- 14:21 | Британските пратеници формираа група за борба против руското влијание
Британските пратеници формираа специјална група, која се фокусира на руското мешање, истакнувајќи де...