Во Македонија вработени 723.550, а невработени 225.049 лица
- понеделник, 20 март 2017 12:49
Скопје, 20 март 2017 (МИА) - Од 948.599 лица кои лани го сочинувале активното население во Македонија вработени се 723.550, а 225.049 се невработени, покажуваат денеска објавените податоци на Државниот завод за сттаистика.
Стапката на активност во минатата година изнесувала 56,5 проценти, стапката на вработеност 43,1, а стапката на невработеност 23,7.
Во 2015 година стапката на активност изнесуваше 57, стапката на вработеност 42,1, а стапката на невработеноист 26,1.
Во вкупното работоспособното население над 15 години според економската активност и полот, мажите учествуваат со 61,3 проценти, а жените со 38,7 проценти.
Од регистрираните 723.550 вработени, 555.894 се ангажирани во деловни субјекти во приватна сопственост, а 167.657 во фирми со друга сопственост, односно мешовита, задружна и државна.лв/са/12:47
###
Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.
Фото сервис
Мозаик
Тикер
- 08:57 | Мун: Северна Кореја не бара повлекување на американските трупи
Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун не бара повлекување на американските трупи од Корејскиот полуост...
- 08:42 | Земјотрес во Канада, почуствуван и во Детроит
Земјотрес со интензитет од 3,6 степени по Рихтеровата скала го погоди јужниот дел на Канада, а бил п...
- 08:41 | Продолжува судењето за „Топлик“
Во Кривичниот суд за денеска е закажано ново рочиште за предметот на СЈО „Топлик“ во кој се осомниче...
- 08:32 | Тевдовски и Богов на Пролетните средби на ММФ и СБ во Вашингтон
Делегација предводена од министерот за финансии Драган Тевдовски и гувернерот на Народната банка Дим...
- 08:24 | Свазиленд го менува името
Кралот на Свазиленда Мсвати Трети изјави дека државата ќе го смени името и ќе се вика „еСватини“ што...