Платежните агенции на Македонија и Хрватска потпишаа нов Меморандум за соработка
- четврток, 07 декември 2017 16:29
Скопје, 7 декември 2017 (МИА) - Македонија и Хрватска ги разгледуваат можностите за приватни инвестиции во земјоделството и за олеснување и унапредување на трговската размена со земјоделско-прехранбени производи. Во Загреб денеска, во рамки на официјалната посета на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, директорите на платежните агенции од двете земји, Николче Бабовски и Матилда Чопиќ, потпишаа и нов Меморандум за соработка.
- Овој меморандум е важен за Македонија, бидејќи со него двете страни се обврзуваат да соработуваат на техничко и експертско ниво преку размена на искуства во делот на моделот на искористување на финансиските средства од ИПАРД програмата, моделот на директната финансиска поддршка и организацискиот модел на искористување на европските фондови во делот на земјоделството, руралниот развој и рибарството, наведува МЗШВ.
На средбата на министерот Николовски со неговиот хрватски колега Томислав Толушиќ од хрватска страна беше понудена експертска помош за зголемување на функционалноста на македонската Платежна агенција и нејзино кадровско екипирање, како и за моделот на ефикасна директна поддршка и искористување на парите од европската ИПАРД Програма.
- Хрватска има позитивни искуства во делот на искористување на европските фондови и тука можеме да ви помогнеме. Ги знаеме сите проблеми со кои може да се соочите, добро е кога некој навреме ќе ви го каже решението. Може да очекувате помош од која било наша институција, од Министерството и од Платежната агенција. Како држава од нас можете да имате голема помош во претпристапниот период, изјави министерот Толушиќ.
Министерот Николовски посочи дека искуството од Хрватска е добредојдено, бидејќи токму во овој период, македонската Платежна агенција се соочува со проблем во делот на кадровското екипирање што влијае врз реализацијата на мерките од Националните Програми.
Во рамки на официјалната посета на Загреб, Николовски присуствуваше и на конференцијата на платежните агенции на Македонија, Хрватска, Црна Гора, Србија, Албанија, Босна и Херцеговина и Турција, на која директорите ги презентираа своите искуства во делот на функционирањето на институцијата и искористување на европските фондови. мч/сд/16:29
###
Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.
Фото сервис
Мозаик
Тикер
- 22:15 | Тевдовски: Договараме проекти со СБ за поддршка и развој на македонската економија
На средбите на македонската делегација во тек на пролетните средби на Меѓународниот монетарен фонд и...
- 21:41 | „Твитер“ забрани реклами на „Касперски“
Компанијата „Твитер“ денеска соопшти дека забранила објавување на реклами на рускиот производител на...
- 21:22 | Лавров: САД му наштетија на мировниот процес со нападите во Сирија
Со нападите што САД ги изведоа во Сирија во саботата заедно со Велика Британија и Франција, му нанес...
- 20:59 | Италијански мафијаши и поранешни функционери осудени на повеќегодишни затворски казни
Суд во италијанскиот град Палермо денеска на повеќегодишни затворски казни осуди неколкумина мафијаш...
- 20:34 | Ле Дријан: Русија го попречува пристапот на инспекторите на ОПЦВ до Дума
Русија го попречува пристапот на меѓународните инспектори за хемиско оружје до „местото на нападот с...